Slider

Новитети

Новиот Volkswagen Touareg може да вози сам на брзини до 60km/h

Slider

4Мotion погонот на сите тркала е стандарден кај Touareg, a централниот диференцијал се грижи за соодветен трансфер на вртежите за што подобра тракција.

18/01/2019

Премиерата на Touareg отвори едно ново поглавје кај Volkswagen, а неговата инстант прифатеност меѓу купувачите во SUV сегментот, покажува дека новата верзија ќе го надгради досега сработеното од своите претходници.

VW Touareg останува важен за Европа, но има посебни аспирации и во Кина, а обединувањето на вредностите кои се барани од купувачите ќе му овозможат да биде успешен во глобални рамки.

Посебно важно е што новата генерација на Touareg се најде во позиција да биде знаменосец на брендот, концентрирајќи ги најновите достигнувања на производителот на едно место, со што големиот SUV претставува еден вид технолошки „билборд“ на Volkswagen.

Главна цел на Touareg да испорача врвен комфор, балансирани возни карактеристики и максимална оф-роуд поткованост, правејќи го престојот на возачот и патниците во неговата кабина максимално уживање.

Модерниот дизајн му ја дава потребната динамичност, но и робусност, а Touareg со ентериерот ја најави иднината со иновативниот Innovision кок-пит, кој вклучува 12-инчна TFT инструмент табла и дополнителен 15-инчен екран на централниот дел.

Во портфолиото на Touareg се голем број асистенти и системи кои го прават учеството во сообраќајот побезбедно, а од поспецифичните го издвојуваме „Night Vision“, кој со помош на специјална камера детектира движење на животни и пешаци и во најтемните делови на патот.

Овој нов SUV доаѓа со автономно возење до брзина од 60 км/ч при што софтверот се грижи и за воланот и педалите, а во игра се и специјални LED Matrix светла кои автоматски ги адаптираат светлата.

Touareg е посебно поткован во однос на комфорот и оф-роуд карактеристиките, па покрај погонот на сите тркала и активна контрола за него, користи и активни стабилизатори, воздушна суспензија, управување со сите тркала и уште многу мали и големи квалитети кои се заокружени со модерни и моќни V6 мотори.

Стабилност и агилност

Кај новиот Touareg достапен е системо за управување со сите тркала. Тој се дели во две фази, односно до брзина до 37 км/ч и над неа. До 37 км/ч, задните се вртат спротивно од предните тркала најмногу до 5 проценти, додека на поголеми брзини Touareg ги врти задните тркала идентично со предните и ги подобрува своите возни карактеристики.

Активни стабилизатори
Volkswagen разви целосно нов електромеханички систем за намалување на навалувањето на Touareg. Тоа значи користење на активни попречни стабилизатори кои функционираат преку електро-мотори како дел од 48-волтниот електричен систем.

За разлика од класичните стабилизатори, овде се работи за електронска контролна единица која добива информации за положбата и нагибот на автомобилот, по што или го закрутуваат или пак ги одделуваат страните на двата стабилизатора.

Варијабилен погон
4Мotion погонот на сите тркала е стандарден кај Touareg, a централниот диференцијал се грижи за соодветен трансфер на вртежите за што подобра тракција. Најмногу 70 проценти од силата може да се префрли на предната оска, додека за задната оска односот може да достигне 20:80 проценти.

V6 TDI
Изборот на погонска единица подразбира модерни 3.0-литарски дизел агрегати со V6 конфигурација. Моќноста може да биде 231 или 286 коњски сили, а вртежниот момент е 500 или 600 Nm. И во двете варијанти, моторот соработува со 8-степена автоматска трансмисија и погон на сите тркала.

Режим на возење
Во стандардната конфигурација, возачот на Touareg може да избере меѓу Normal, Sport, Comfort, Eco, Snow, Individual и Offroad Auto режимите на возење, а со специјалниот оф-роуд пакет се добиваат уште три опции, односно возење на песок, чакал и таканаречената Expert опција која овозможува додавање сопствени параметри.

Адаптација
Воздушната суспензија овозможува подигнување на автомобилот меѓу 25 и 70 милиметри. На брзини над 120 км/ч, автомобилот сам се спушта меѓу 15 и 25 милиметри за да ги подобри возните својства и аеродинамиката, а при товарање на потешки предмети во багажникот, тука е опцијата за негово спуштање за 4 сантиметри.

Innovision кок-пит

Дигиталниот ентериер на Touareg ја навестува иднината на сите модели на Volkswagen. Импресионира комбинацијата на 12-инчна инструмент табла и 15-инчен централен екран кои навестуваат дека овој SUV форсира интуитивен и футуристички концепт.

2

Night Vision

Touareg e прв модел на Volkswagen со асистент за термално следење на околината во неосветлените предели. Специјалниот систем преку камера детектира движење на животно, велосипедисти или пешаци на оддалеченост до 130 метри.

3

Always on

Фабрички инсталираниот eSIM подразбира вградена SIM-картичка која овозможува постојано поврзување на Touareg со интернет и телекомуникациската мрежа. Атрактивниот SUV се поврзува со многу онлајн сервиси, овозможува Wi-Fi конекција и 3D навигациja.

4

IQ.Light

Напредниот систем за осветлување е подготвен во соработка со гигантот Hella, a подразбира напредни LED Matrix светла. Само на двете предни светла се сместени 256 диоди кои имаат одредена функција и осветлуваат 100 метри повеќе од ксенон претходниците.

5

Подготвен за сите предизвици

Големиот SUV доаѓа со клиренс од 215 милиметри, а со воздушна суспензија тој може да биде адаптиран меѓу 188 и 258 мм. Touareg може да мине и низ вода до длабочина од 570 милиметри, а капацитетот за влечење приколка кој игра важна улога е до 3,5 тона.

6. Оф-роуд 

Оф-роуд квалитетите на Touareg се негов заштитен знак, а тие се дополнително подобрени со новите технолошки надградби и вградени системи. Аголот на пристапување и напуштање е 25 степени со обична и 28 степени со воздушна суспензија, додека аголната рампа е 19, односно 22 степени.

Slider
Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider