Slide

Стории

Новите батериски ќелии кои Tesla веќе ги вградува во Model Y, имаат до 5 пати поголем капацитет

Slide

4680 батериските ќелии се различни поради тоа што имаат повеќе од пет пати поголем волумен од таканаречаната "2170" батериска ќелија која се користи во најголемиот број на возила произведени од Tesla.

13/04/2022

Tesla во соработка со добавувачите развива нови поголеми цилиндрични батериски ќелии со цел да ја зголеми ефикасноста и да ги намали трошоците.

Додека голем број на нови компании и реномирани производители работат на развој на батериски технологии кои радикално ќе ja подобрат автономијата на електричните автомобили, Tesla и нивниот добавувач Panasonic преземаат крупен чекор кој веќе испорачува значајни подобрувања.

Новиот батериски концепт “4680” на Tesla ја следи традицијата на компанијата во однос на користење цилиндрични ќелии од големите производители како што е Panasonic. Но, 4680 е различен поради тоа што има повеќе од пет пати поголем волумен од таканаречаната “2170” батериска ќелија која се користи во најголемиот број на возила произведени од Tesla. Новите ќелии имаат и структурни промени заради подобрување на трошокот по киловат час.

Името 4680 произлегува од големината. Ќелијата е 46 милиметри широка и 80 милиметри висока. Таа има пет пати поголема зафатнина споредено со 2170 ќелиите. Кога новите ќелии ќе се вградат во батериско пакување, тоа ќе овозможи 16% поголема автономија на автомобилот.

Уште поважно е тоа што Tesla ветува поголема автономија за драстично понизок трошок.

За време на специјален настан посветен на батериите во септември 2020, претставниците најавија дека со 4680 батериските ќелии ќе се овозможи намалување на трошокот по киловат час за цели 56%.

За разлика од некои од нереализираните ветувања на Tesla, како што е комплетното автономно управување и Cybertruck пикапот, 4680 ќелиите се реални и во моментов се во фаза на првично ограничено производство.

Илон Маск во јануари изјави дека 4680 батериските ќелии, кои се произведуваат во фабрика на Tesla во Калифорнија, веќе се вградени во дел од Model Y.

Дру Баљино, заменик претседател задолжен за погонските технологии во Tesla најави дека годинава ќе се зголеми производството на 4680 ќелиите, додека следната година производството ќе биде согласно побарувачката.

“Секојдневно произведуваме структурни модули за 4680 ќелиите. Тие се вградуваат во возилата кои се произведуваат во новоотворената фабрика во Тексас”, изјави тој. 

Во февруари од Tesla изјавија дека веќе произвеле еден милион 4680 батериски ќелии откако започнало пробното производство.

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

Opel ги објави деталите за очекуваната електрична изведба на Astra
Екстра перформанси од Audi RS6 Avant Performance и RS7 Sportback Performance
Tesla го овозможи автономното управување кај сите сопственици на возило од нивниот бренд во Северна Америка
VW Group ги стопира рекламните кампањи на Twitter по преземањето на социјалната мрежа од Илон Маск