Slide

Вести

Новите платформи на Ford ќе овозможат лансирање на нови генерации на моделите на секои 8 години, наместо на 6

Slide

Ford неодамна им најави на добавувачите дека планира да го продолжи траењето на еден генерациски циклус на своите модели од 6 на 8 години.

29/08/2022

Шесте генерации на култниот модел Mustang кои беа воведени во последните 6 децении, најчесто беа одраз на приоритетите и амбициите на Ford.

Седмата генерација, која треба да дебитира во следните неколку недели, е производ на автомобилски производител кој драстично се менува. Ford во моментов прави големи промени и реогранизација, чија цел е адаптација на компанијата за производство на електрични возила, кои во моментов заземаат само 3 проценти од пазарниот удел во САД.

Но, промените во однос на преференциите на купувачите се одвиваат со рапидно темпо. Имено, Ford објави дека од април годинава во САД продал 286 повеќе примероци од електричниот кросовер Mustang Mach-E, споредено со традиционалната бензинска изведба.

Производителот неодамна ја прекина продажбата на EcoSport во Северна Америка, а слична судбина во следните неколку години ги чека Transit Connect, Escape и Edge.

Наместо кон нив, фокусот на гигантот од Детроит е на моделите од “F” гамата, Mustang и Bronco кои се поставени на флексибилни платформи кои можат да поднесат подолги генерациски циклуси преку повремена надградба на одредени компоненти, без честа потреба од комплетно редизајнирање.

Таков е случајот со новиот Mustang. Моделот ќе биде поставен на нова платформа наречена S650. За почеток не се очекува драстична разлика со тековната S550. Според неофицијални извори, одлучено е да не се развива хибридна изведба, а нема да биде воведен и погон на сите тркала; наместо тоа моделот ќе продолжи да се продава како спортско купе со погон на задната оска.

Ford неодамна им најави на добавувачите дека планира да го продолжи траењето на еден генерациски циклус на своите модели од 6 на 8 години, што потврдува дека новиот Mustang ќе биде последната генерација која ќе има бензински мотори, со оглед на тоа дека во 2030 година се очекува комплетна транзиција кон електричните изведби.

Новиот Mustang пристигнува во турбулентни времиња за производителот, кога се случува и реорганизација на работните позиции во САД, Канада и Индија.

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

VW T-Roc e бестселер во Европа во втор последователен месец , пред Dacia Sandero и Peugeot 208
Porsche од денес котира на берзата во Франкфурт, вкупната вредност на компанијата изнесува 78 милијарди евра
Citroën го објави своето ново лого, десетто по ред во 103-годишната историја на брендот
Третата генерација на Range Rover Sport пристигна во Македонија, беше претставена на свечен настан