Slider

Новитети

Новитет по подолго време: Maserati го претстави моќниот MC20

Slider

Maserati MC20 ќе располага со 630 коњски сили и вртежен момент од 730 Nm, што е потврда дека станува најмоќен модел на брендот во неговата историја. Производителот најави дека забрзувањето до 100 км/ч е достапно за само 2,9 секунди, а до 200 км/ч стигнува за 8,8 секунди

09/09/2020

Долгите подготовки за официјалното претставување на еден нов и многу важен модел од страна на Maserati, кулминираа вечерва со премиерата на супер спортистот MC20.

Новитетот влече инспирација од легендарниот MC12, италијанскиот бренд веќе најави дека ќе се испроба и на патеките како дел од некој официјален шампионат, а ќе биде препознатлив и по специфичните врати.

Maserati ги исполни најавите дека првиот автомобил кој ќе го користи новиот V6 мотор, ќе располага со уникатен карактер, дизајн, но и подготовка на ентериерот каде се чувствува свежината на MC20, кој поставува нови стандарди за брендот, а кои сигурно ќе бидат задржани и кај следните новитети.

3.0-литарскиот V6 бензински мотор е еден од најважните елементи на MC20, погонската единица добива многу иновативни елементи и процеси, а користи и Ф1 искуства за да обезбеди врвни перформанси.

Maserati MC20 ќе располага со 630 коњски сили и вртежен момент од 730 Nm, што е потврда дека станува најмоќен модел на брендот во неговата историја. Производителот најави дека забрзувањето до 100 км/ч е достапно за само 2,9 секунди, а до 200 км/ч стигнува за 8,8 секунди.

Од Модена велат дека е прва премиера во новата ера на брендот, што значи дека Maserati не ги крие своите големи амбиции за иднината.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider