Slider

Стории

Новитети во 2020: Автомобили кои пристигнуваат во Македонија и најважните премиери во новата година

Slider

Auto Focus направи преглед на најинтересните новитети кои се веќе најавени за 2020 година, но ве информираме и за моделите кои ќе пристигнат кај македонските импортери и ќе бидат достапни во новата година за нашите купувачи

31/12/2019

Автомобилската индустрија се наоѓа во можеби најзначајната трансформација во својата историја, а електрификацијата од опција се претвори во задолжителен процес, кој производителите го започнаа со различно темпо.

Календарската 2020 година затоа се очекува со големо нетрпение, бидејќи електричните автомобили и нивните хибридни роднини ќе добиваат уште поголемо внимание и ќе заземаат поголем колач од пазарниот удел, а основен предуслов за тоа се построгите еколошки норми, но и подобрувањето на инфраструктурата низ Европа.

Иако се почесто автомобилите делумно или целосно придвижувани од електро-мотор(и) се главна тема и на медиумите, во игра остануваат и класичните миленици на четири тркала, моделите кои сепак уште некој период, ќе го имаат главниот збор во продажбата.

Auto Focus направи преглед на најинтересните новитети кои се веќе најавени за 2020 година, но ве информираме и за дел од моделите кои ќе пристигнат кај македонските импортери и ќе бидат достапни во новата година за нашите купувачи.

Македонскиот импортер на Citroën „Автонова“, во новата година ни најавија продажба на ново издание на бестселерот C3, заедно со електрифицираниот C5 Aircross Hybrid, кој фактички е плаг-ин хибрид изведба на популарниот SUV, C5 Aircross.

Групацијата Volkswagen вообичаено ќе има голема лепеза новитети и во 2020 година, а посебно интересно ќе биде соочувањето на модели како VW Golf 8, Škoda Octavia (кои веќе се претставени) и Seat Leon чија нова генерација ќе биде промовирана на 28. јануари.

– Во 2020 година очекуваме големо размрдување во поглед на новите модели на Volkswagen групацијата. Главните знаменосци на Volkswagen, ŠKODA и SEAT очекуваме да ни пристигнат во новата година. Новиот Golf 8 очекуваме да започне со продажба веќе во првиот квартал, а веќе на почетокот на следниот квартал ја очекуваме и новата генерација на Octavia. Триото го комплетира новиот Leon, кој го очекуваме во нашата земја на крајот на третиот квартал.

– Почетокот на годината ќе го одбележи првиот електричен модел на Porsche, новиот Taycan, а до средината на 2020, очекуваме да започнеме со продажба и на новиот електричен Volkswagen ID.3. Audi ќе освежи неколку модели, но за нас најзначаен ќе биде моделот Q3 Sportback, а брендот Volkswagen Комерцијални возила ќе ја претстави освежената верзија на Transporter со ознака 6.1, – вели Дејан Ѓорѓиевски, маркетинг и ПР менаџер во „Порше Македонија“.

Auto Focus веќе присуствуваше на првото возење на новата генерација на Peugeot 2008 во Франција, а овој модел ќе биде еден од најинтересните нови кросовери и во Македонија.

– Со самиот старт на новата 2020 година на македонскиот пазар ќе пристигнат два новитети на Брендот, новиот Peugeot 208 и новиот Peugeot 2008. Со почетокот на вториот квартал, ќе бидеме подготвени да ги презентираме и електричните верзии на овие нови модели.

– Додека пак, во втората половина од годината, светлото на подиумот во нашата земја ќе биде насочено кон PHEV моделите на Peugeot. Peugeot Брендот со својата еколошка стратегија и слоганот “Unboring the future” моќно ја најавува иднината. Навлегуваме во нова ера на најнови технолошки достигнувања, бескомпромисен квалитет и безбедносни системи, – потенцира Ана Николоска, менаџер за медиуми и односи со јавност во „Еуроимпекс“.

Интересни новитети се најавени и во продажната мрежа на Ford, каде очекуваме освежување на SUV понудата, но и дополнителен чекор во однос на електрификацијата.

– Во 2020 година во Ford уште на почетокот од годината ги очекуваме комплетно новата генерација на Ford Kuga, односно првиот модел од новата Ford Puma.

– Потоа очекуваме нови изведби т.е. хибрид и mild hybrid агрегати кај Fiesta која е можно да добие и минорни промени. Тука се и хибридните товарни ванови Transit и Tourneo Custom, – ни изјави Предраг Николовски, маркетинг и ПР менаџер во „Ми-Да Гранд Моторс“.

Интересни новитети ќе има и во портфолиото на Hyundai, каде пристигнува новата генерација на i10 која беше претставена на Саемот во Франкфурт, како и освежувања на i20 и i30. За македонските купувачи интересна ќе биде и новата Elantra.

Продуктите на FCA остануваат интересни за македонските купувачи, a дел од брендовите ќе добијат освежување во продажните салони.
Одговорните за продажба во „Аутомобиле СК“ ни најавија дека македонските купувачи, во 2020 година ќе имаат можност да се запознаат со плаг-ин хибрид изведбите на Jeep Renegade и Compass, на располагање ќе добијат mild hybrid изведба на Fiat 500, како и ново Tipo, кое ќе биде достапно во Urban и Cross изведби.

Новата модерна генерација на легендарниот Land Rover Defender дебитираше во Франкфурт, а во 2020 година ќе пристигне и во нашата земја. Од страна на македонскиот импортер „Аутомобили Груп“, токму почетокот на продажбата на Defender e најавен како најважна локална премиера на британскиот бренд.

Ова се само дел од потврдените модели кои ќе бидат достапни во нашата земја во 2020 година, но истата ќе биде интересна и поради најавените светски премиери на автомобили, кои кај нас ќе пристигнат најдоцна следната календарска година.

2020 година ќе биде значајна за Fiat поради најавената премиера на новата генерација на Fiat 500, планирана како дел од електрификацијата, при што новата 500e изведба ќе се продава паралелно со изведбите со конвенционален мотор.

Од глобалните потези на Citroën, очекуаме во 2020 година да го искористи Саемот во Париз за премиера на новиот C4. Тој ќе биде важен како прв електричен модел на Французите и автомобил кој би пристигнал низ Европа во првиот квартал на 2021 година, придружен од варијации со мотори со внатрешно согорување.

Kia со XCeed ја комплетираше својата понуда која подразбира свежа гама во сите сегменти, а во 2020 година се најавени премиери на плаг-ин хибридниот XCeed, како и Ceed во изведба на благ хибрид.

Од останатите азиски производители, тука е Honda која на европските купувачи ќе им понуди фејслифт на Civic, нов Jazz, а таму каде што ќе бидат популарни електричните автомобили, во понудата ќе биде вметнат и моделот Honda e.

Toyota и Lexus веќе ги најавија автомобилите кои порано или подоцна ќе го засилат продажното портфолио, а тоа се плаг-ин хибридната изведба на RAV4, новата генерација на Yaris, додека Lexus ќе го добие првиот електричен модел преку UX 300e.

Во понудата на Mazda го очекуваме фејслифтот на Mazda 2, а во однос на премиерите, најавен е електричниот MX-30, како и фејслифт на CX-3 во финишот на годината.

Брендот SSangYong ги има новите генерации на Korando и Rexton, односно освежениот Tivoli, a во 2020 година е планирана светска премиера и на електрична изведба на Korando.

Откако освежената Astra и новата Corsa веќе пристигнаа и во нашата земја, во 2020 година Opel на одредени пазари ќе ја понуди плаг-ин хибридната изведба на Grandland X, пристигнува електричната изведба на Corsa, како и фејслифт на Insignia.

Премиери во вториот дел на годината треба да имаат освежениот Crossland X, Astra GSi и новата Mokka X.

Кај BMW и Mini во прв план ќе биде електрификацијата која ги вклучува BMW iX3 и Mini Cooper SE, a во вториот дел на годината е најавено и освежување на 5 Series. Mercedes ќе ја добие новата генерација на GLA во продажните салони, а во вториот дел на годината е најавено освежување на E-Class и нова генерација на знаменосецот S-Class.

Од најавените глобални освежувања во понудата на Porsche во текот на 2020 година, се очекуваат Turbo и Turbo S изведбите на Porsche 911, Macan GTS, Cayenne GTS, Taycan Cross Turismo и фејслифт на Panamera кон крајот на годината. Нивната достапност на одделни пазари зависи од повеќе фактори.

Според најавите на шведскиот бренд, неколку модели на Volvo ќе добијат Twin Engine изведба, а во финишот на 2020 година започнува и производството на електричниот XC40 Recharge.

Перформанс брендот на Seat, Cupra, во 2020 година ќе го промовира новиот Cupra Leon, а ќе го добие и првиот самостоен модел во Formentor.

За годината да биде уште поинтересна, најавена е и премиерата на новата генерација на Audi A3 Sportback, но термините засега се чуваат во тајност.

Nissan ќе почне со продажба на новиот Juke, најважна премиера во 2020 година е новата генерација на Qashqai, а Јапонците за крајот на годината подготвуваат целосно нов електричен SUV.

Renault ќе ги освежи Megane и Talisman, a Twingo се очекува да биде трансформиран во електричен автомобил. Dacia за 2020 година ја подготвува премиерата на Sandero.

Во план се и други премиери кои дополнително ќе бидат потврдени во текот на годината, но уште отсега е јасно дека автомобилската сцена нема да дозволи монотонија и со своите новитети постојано ќе го одржува вниманието на јавноста.

Jeep
Jeep
Jeep
Плаг-ин хибрид изведбите на Compass и Renegade ќе ја освежат понудата на Jeep и во Македонија
Плаг-ин хибрид изведбите на Compass и Renegade ќе ја освежат понудата на Jeep и во Македонија
Плаг-ин хибрид изведбите на Compass и Renegade ќе ја освежат понудата на Jeep и во Македонија
Ротирајте го уредот за да му пристапите на сајтот
Porsche ДНК
Volkswagen
Volkswagen
Volkswagen
Осмата генерација на Golf ќе биде едно од најважните освежувања на македонскиот пазар. На сцена стапува и електричниот ID.3

Land Rover
Land Rover
Land Rover
Новата генерација на Defender е специјалитет за оф-роуд фановите, а во 2020 година ќе пристигне и во нашата земја
Новата генерација на Defender е специјалитет за оф-роуд фановите, а во 2020 година ќе пристигне и во нашата земја
Новата генерација на Defender е специјалитет за оф-роуд фановите, а во 2020 година ќе пристигне и во нашата земја
Ротирајте го уредот за да му пристапите на сајтот
Porsche ДНК
Škoda
Škoda
Škoda
Четвртата генерација на Octavia пристигнува со цел да ја задржи, па и зголеми популарноста на нашиот пазар

Peugeot
Peugeot
Peugeot
Новиот 2008 пристигнува заедно со новата генерација на 208, како и со електричните изведби на двата модела

Ford
Ford
Ford
Трендовскиот кросовер Puma дебитира на европските пазари, а во Македонија стигнува на почетокот на новата година

Citroën
Citroën
Citroën
Плаг-ин хибрид изведбата на Citroën C5 Aircross има интересен концепт и поголем потенцијал поради даночните олеснувања за PHEV моделите

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider