Вести
Очекување за експанзија на електричните четирицикли во Европа
Производството на Citroën Ami и Opel Rocks-e изнесуваше околу 20,000 примероци во 2022 година, а со додавање на Fiat Topolino се очекува годинава да бидат произведени до 40,000 примероци.
Европските производители Citroën, Opel и Fiat веќе иамат функционален четирицикл, сегмент кој се предвидува да има вредност од над 100 милијарди евра до 2030 година.
Простор за овој специфичен сегмент делумно отвори и намалувањето на понудата на модели од А сегментот, некогаш популарните градски возила со продажни цени до 15,000 евра.
Во сегментот на четирициклите, Renault Twizy имаше монополска позиција, но неодамна европските конкуренти во рамки на Stellantis групацијата лансираа три сестрински модели на четирицикли, кои во одредени земји може да ги управуваат и лица на возраст од само 14 години.
Побарувачката засега е одлична, па Stellantis инвестира во зголемување на капацитетот на фабриката во Мароко каде што овие четирицикли се произведуваат.
Производството на Citroën Ami и Opel Rocks-e изнесуваше околу 20,000 примероци во 2022 година, а со додавање на Fiat Topolino се очекува годинава да бидат произведени до 40,000 примероци.
Одговорот на Renault доаѓа годинава преку моделот Duo, кој е развиен во рамките на дивизијата Mobilize. Според Renault, овој четирицикл може да се произведе во 17,000 примероци годишно, во фабриката на Renault во Мароко.
Четирициклите овозможуваат нов пазарен сегмент за европските производители по напуштањето на малите возила од страна на Ford, Volkswagen и Opel. Како резултат на оваа промена, малите градски возила сега заземаат само 4.2% пазарно учество, споредено со 10-те проценти удел во 2010 година.