Skip to content

Вести

Octavia го отвори новото поглавје, фабриката подготвена за големиот интерес за бестселерот

Импресивно делува и фактот што секој ден ќе бидат произведувани по 1.150 примероци, а на почетокот приоритет ќе и биде даден на Combi изведбата која е најпродавана во својот сегмент во Европа

29/11/2019

Четвртата генерација на Škoda Octavia од денеска и официјално влезе во сериско производство, па наскоро ќе стане достапна за првите купувачи кои ќе ги добијат своите примероци од фабриката во Млада Болеслав.

Една од најмодерните автомобилски фабрики во Европа е подготвена за новиот предизвик, а чешкиот производител не ги крие уште поголемите амбиции со својот бестселер кој досега е продаден во над 6,5 милиони примероци.

Производството на Octavia во Млада Болеслав е продолжување на традицијата која трае уште од првата генерација во модерната ера на моделот, а од Škoda потенцираат дека за овој процес ќе бидат користени најсовремени технолошки процеси, па и роботи кои ќе учествуваат во него со одредени задачи.

Импресивно делува и фактот што секој ден ќе бидат произведувани по 1.150 примероци, а на почетокот приоритет ќе и биде даден на Combi изведбата која е најпродавана во својот сегмент во Европа.

Škoda официјално ја претстави новата Octavia на специјален настан во Прага, а покрај трендовскиот дизајн, седан и комби изведбата ќе добијат иновативна технологија, уште поголема функционалност и поеколошки мотори.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider
Slider

Send this to a friend