Slide
Slide

Вести

ОД 2023 купувачите на Mercedes ќе ги купуваат возилата директно од производителот

Slide
Slide

Според тековниот продажен модел, дилерствата ги купуваат возилата од автопроизводителите и вложуваат во трошоци за промоција, а ги покриваат трошоците за одржување на залихите.

20/12/2021

Започнувајќи од 2023 година, Германија и Велика Британија ќе го заменат дилерскиот со таканаречениот агенциски модел.

Според известувањето од Mercees-Benz, производителот постигна договор со европските дилерства за транзиција кон агенцискиот модел на продажба, кој подразбира дека купувачите ќе ги купуваат возилата директно од производителот, наместо од дилерот.

Договорот со Европската асоцијација на дилерства на Mercedes-Benz (FEAC), креира основа за имплементирање на промената, која ќе се однесува на патничките автомобили и комерцијалните ванови.

Брита Сегер, член на бордот во Daimler, која е задолжена за продажбите, изјави дека до крајот на 2023, повеќе од половина од новите Mercedes возила во Европа ќе бидат продадени според новиот, агенциски модел. 

Агенцискиот модел најпрво се очекува да започне да се применува во Германија, најголемиот европски пазар на Mercedes, како и во Велика Британија.

“Со овој договор креираме јасна и предвидлива рамка за европските продажби”, изјави Фридрих Ликсл, претседателот на FEAC.

Ола Калениус, извршниот директор на Daimler, уште летово преку интервју најави дека агенцискиот модел ќе започне да се променува во голем број на земји од Европа, што е дел од поширока дигитална транзиција на продажниот процес.

Пилот проекти веќе се спроведени во Австрија, Шведска и Јужна Африка.

Инаку, според тековниот продажен модел, дилерствата ги купуваат возилата од автопроизводителите и вложуваат во трошоци за промоција, а ги покриваат трошоците за одржување на залихите. Тие заработуваат маргина од продажбата на возилата, но таа маргина може значително да варира во зависност од преговорите со индивидуалните клиенти.

Агенцискиот модел, пак, ги префрла тие трошоци кон производителот. Дилерствата во овој случај би добивале надомест, провизија за секое продадено возило, како и приходи од пост-продажните услуги. Тие би заработиле помалку пари по возило, но би ја надоместиле разликата преку заштеда на трошоци за залихи и промоција.

Дел од автомобилските производители во Европа веќе ги најавија своите намери за преминување кон агенцискиот модел, делумно за да ги намалат трошоците за дистрибуција, но и да имаат поголема контрола на продажниот процес.

Слична најава стигна и од Stellantis, додека Volkswagen Group веќе користи агенциски модел за продажба на електрични модели од гамата на VW и Audi.

Од Mercedes велат дека агенцискиот модел би имал дополнителни бенефиции за клиентите, како што е ценовната транспарентност и поголемата понуда на возила преку онлајн платформите. Што се однесува до дилерствата, пак, “новиот агенциски модел нуди можност за насочување кон клиентите и нивна поддршка” – изјавија од производителот.

Менаџментот на Mercedes го замислува продажниот процес како микс од дигитални и физички инстанци: Некои купувачи би го примениле традиционалниот продажен процес преку посета на автомобилски салон, додека дел од нив би ја комплетирале продажбата онлајн, вклучувајќи ги тука и виртуелно претставување или закажување на тест возење на возилото.

“Сакаме што повеќе да им овозможиме на клиентите да комуницираат со нас, без оглед дали се работи за физичка или дигитална комуникација.” – завршува Сегер.

Slide 1
Slide
Slide
Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

MMA и MB.EA платформите ќе овозможат 10 kWh потрошувачка на 100 km за електричните модели на Mercedes
Renault ги зголеми на цените на моделите за 7%, а ги намали фиксните трошоци за 2 милијарди евра
Раст од 7% на продажбата на Citroën во 2021, и покрај кризата со недостиг на полупроводници
Porsche, независно од Audi и Bentley, развива електричен знаменосец со кодно име K1