Slide

Вести

Од 2033 брендот Volkswagen во Европа ќе произведува само електрични возила – две години порано од планираното

Slide

Започнувајќи од 2033 година брендот Volkswagen во Европа ќе произведува само комплетно електрични автомобили, изјави Томас Шефер, извршниот директор на брендот.

27/10/2022

Брендот Volkswagen, кој е дел од VW Group до 2033 ќе престане со производство на возила со мотори со внатрешно согорување, рок кој е за две години покус од претходно најавениот.

Започнувајќи од 2033 година брендот Volkswagen во Европа ќе произведува само комплетно електрични автомобили, изјави Томас Шефер, извршниот директор на брендот.

“Volkswagen до 2026 година ќе лансира вкупно 10 нови електрични модели, вклучувајќи и еден достапен модел чија малопродажна цена би требало да биде помалку од 25,000 евра”, додаде Шефер.

Според него, нискобуџетниот електричен модел ќе има две избедби – хеџбек и кросовер. Овие две изведби, за кои досега неколку пати пишувавме, ќе бидат именувани како ID1 и ID2.

Извршниот директор на Volkswagen веќе го најави и првиот фејслифт на компактниот хеџбек ID3. Тој најави дека со фејслифтот моделот ќе добие многу поквалитетни материјали и системска стабилност.

Во меѓувреме инженерите на VW работат и на развој на кросовер изведба врз основа на ID3.

Офанзивата во електрификацијата на брендот Volkswagen беше обележана и со освежување на главната менаџерска позиција во групацијата. Имено, неодамна Оливер Блум го замени Херберт Дис на позицијата главен извршен директор на Volkswagen Group, групација во која покрај Volkswagen, се и брендовите Skoda, Seat, Audi и Porsche.

Шефер воедно најави и одредени логистички промени во рамките на групацијата. Имено, наместо досегашната пракса на фокусирање на производството на еден модел во една фабрика, ќе мора да се размислува на ниво на платформи, за да се овозможи уште поголемо користење на економија од обемот.

Според него, може многу да се заштеди доколку модели од различни брендови се произведуваат во иста фабрика. “Историски гледано имаме многу непотребни трошоци во системот кои може да ги анулираме”, нагласува Шефер.

Помеѓу другото, извршниот директор на брендот Volkswagen најави дека во следната декада брендовите Skoda, Seat и Volkswagen ќе го намалат бројот на модели во рамките на својата гама; овие брендови ќе треба да се фокусираат на своите најважни модели со цел до 2025 година да ја зголемат профитната маргина на 8 проценти.

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

Opel ги објави деталите за очекуваната електрична изведба на Astra
Екстра перформанси од Audi RS6 Avant Performance и RS7 Sportback Performance
Tesla го овозможи автономното управување кај сите сопственици на возило од нивниот бренд во Северна Америка
VW Group ги стопира рекламните кампањи на Twitter по преземањето на социјалната мрежа од Илон Маск