Slider

Вести

Оф-роуд автобусот Torsus Praetorian го доби престижното „Red Dot“ признание

Slider

Praetorian e специфичен оф-роуд автобус кој е наменет за користење на најекстремните подлоги и најтешко пристапните делови, а експертите на „Red Dot“ му доделиле признание во категоријата „продакт дизајн“

22/05/2020

Torsus Praetorian го доби престижното признание за дизајн „Red Dot“, со што овој модел на европската компанија е награден за својот уникатен концепт.

Praetorian e специфичен оф-роуд мал автобус кој е наменет за користење на најекстремните подлоги и најтешко пристапните делови, а експертите на „Red Dot“ му доделиле признание во категоријата „продакт дизајн“.

Централата на компанијата Torsus е во Чешка, таа е формирана во 2016 година, а производството се одвива во соседната Словачка. Дизајнот бил задача за познатото дизајнерско студио Werkemotion, а резултатот ги воодушевил експертите кои поединечно разгледуваат 6.500 производи и на најдобрите од нив им доделуваат „Red Dot“ признание.

Наменет за пренесување на персонал и опрема на оф-роду терени, Torsus Praetorian полека но сигурно се наметнува како квалитетна алтернатива во индустријата, а за издржаноста на концептот говори и фактот дека користи шасија, мотор и погонска единица на MAN, каросериските панели се направени од специјален материјал, а тука се и Michelin оф-роуд пневматиците.

– Привилегија и чест за нас е да добиеме глобално почитувано и посакувано признание како „Red Dot“ за одличниот дизајн на нашиот Torsus Praetorian. Ова е големо признание за целиот тим на Torsus и нашите соработници од Werkemotion, со кои заеднички ги произведуваме најиздржливите и најподготвените оф-роуд автобуси, – вели Вакхтанг Џукашвили, CEO на Torsus.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider