Slider

Новитети

Оф-роуд надградба: Opel ги претстави Combo Cargo и Vivaro со погон на сите тркала

Slider

Opel Combo Cargo може да стигне до клиренс од 300 милиметри, кај Vivaro таа бројка е 245 милиметри, првиот модел може да се искачува на нагорнини под агол од 41 степен, а за Vivaro максималниот дозволен агол е 27 степени

30/07/2020

Потенцијалот за оф-роуд, односно совладување на поекстремни подлоги е уште еден квалитет кој професионалците го посакуваат при изборот на ван со кој ќе ги реализираат обврските.

Затоа Opel се погрижи покрај функционалноста, карго просторот и модерните технологии, Combo Cargo и Vivaro да добијат погон на сите тркала, зголемувајќи го потенцијалот на овие изведби, односно модели.

Opel го потенцира фактот дека Combo Cargo и Vivaro кои имаат и економични мотори, со AWD погонот може да ги извршуваат професионалните задачи без разлика на опкружувањето и подлогата, а тоа е овозможено како дел од соработката со брендот Dangel кој се грижи за квалитетите на погонот на сите тркала.

Покрај конверзијата направена од страна на Dangel, возачот преку команда може да избере возење во „еко“ режим, со што се деактивира погонот на сите тркала, а при евентуална потреба, на истиот начин се активира задниот диференцијал кој почнува да испраќа вртежи и до задните тркала. Достапно е и заклучување на диференцијалот при екстремни услови.

Opel Combo Cargo може да стигне до клиренс од 300 милиметри, кај Vivaro таа бројка е 245 милиметри, првиот модел може да се искачува на нагорнини под агол од 41 степен, а за Vivaro максималниот дозволен агол е 27 степени.

Германскиот бренд истакнува дека и двата модела се опремени со иновативна технологија и голем број безбедносни системи, а Vivaro е достапен и во три различни должини според потребите на купувачите.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider