Slider

Вести

Официјално: Жил Видал започнува со нов ангажман од ноември

Slider

Renault Group со своето соопштение ги потврди шпекулациите на медиумите дека 48-годишниот Видал ја прифатил понудата на големиот ривал и ќе ја продолжи успешната кариера во Renault

29/07/2020

Два дена по потврдата на Peugeot дека досегашниот прв дизајнер на брендот, Жил Видал, ја напушта функцијата, денеска е официјализиран и неговиот следен ангажман.

Renault Group со своето соопштение ги потврди шпекулациите на медиумите дека 48-годишниот Видал ја прифатил понудата на големиот ривал и ќе ја продолжи успешната кариера во Renault.

Видал, слично како и Алехандро Месонеро-Романос кој од Seat се сели во Renault, хиерархиски ќе биде поставен под Лоренс ван ден Акер, кој пак е одговорен за дизајнерските тимови во цела групација.

– Возбудени сме што можеме да му посакаме добредојде на Жил Видал во нашиот тим. Тој располага со посебни познавања за креирање на атрактивни и моќни брендови, неговото искуство, но и чувството за иновации и страста за дизајнот ќе бидат голема добивка за Renault Group. Жил е инспирација за многу дизајнери и со нетрпение ја очекувам соработката со него за да се соочиме со предизвиците на мобилноста на иднината, – вели Ван ден Акер.

Видал досега цела кариера беше во PSA, најпрвин во Citroën, а од 2010 година во Peugeot, каде успеа да направи целосен пресврт во однос на дизајнот и овозможи овој сегмент да биде вистинска гордост на францускиот бренд.

Обврските на Видал кон Renault започнуваат од ноември.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider