Slide

Вести

Оливер Блум, досегашниот директор на Porsche, ќе го наследи Херберт Дис како главен директор на VW Group

Slide

Блум ја започна својата кариера во VW Group како инструктор во Audi во далечната 1994 година, по што беше на позиции во Seat и Volkswagen.

25/07/2022

Херберт Дис, главниот извршен директор на Volkswagen Group, се повлекува од позицијата, а на негово место доаѓа Оливер Блум, досегашниот директор на Porsche.

Блум ќе продолжи да ја извршува својата функција како главен директор на Porsche, потпомогнат од Арно Антлиц, досегашниот финансиски директор, кој ја презема позицијата на главен оперативен директор. Промените ќе стапат во сила од 1-ви септември.

Новиот директор во изјава по повод назначувањето изјави: “Во мојот фокус ќе бидат купувачите, брендовите и производите”.

Неговиот претходник, Дис, беше доведен во VW од баварскиот премиум производител BMW во 2015, по што успеа да направи голем притисок кон електрификација на групацијата.

Оливер Блум, пак, кој има 54 години, веќе подолго се споменуваше како можен наследник на Дис, но по продолжувањето на менаџерскиот договор на Дис до 2025, се сметаше дека некое време нема да има промени во лидерската позиција на VW Group.

Блум ја започна својата кариера во VW Group како инструктор во Audi во далечната 1994 година, по што беше на позиции во Seat и Volkswagen, за во 2013 да премине во Porsche како директор на производство.

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

CATL, најголемиот светски производител на батерии ќе гради нова фабрика во Унгарија со капацитет од 100 GWh
Бензинските и плаг-ин хибрид изведбите на Citroën C5 X пристигнаа во салонот во Скопје
Падот на продажбата во Европа му овозможи на Hyundai да го зголеми пазарниот удел за цел процентен поен на 4.7%
Great Wall носи два нови бренда во Европа, преку Emil Frey, најголемиот европски дилер на возила