Вести
Opel Astra од страна на COTY е прогласен за најдобар автомобил во Германија во компактниот сегмент
Новата Astra е поставена на EMP2 платформата која е соодветна за производство на бензински, дизел, плаг-их хибридни, но и електрични автомобили.
6-тата генерација на Opel Astra е прогласена за “Компактен автомобил на годината во Германија за 2023 година”.
Компактот на Opel, чија 6-та генерација беше лансирана на почетокот на годинава, победи во изборот составен од 27 автомобилски експерти и новинари.
Како што информираат од огранизацијата, главните адути во корист на овој модел биле дизајнот и широкиот асортиман на погонски единици.
Имено, новата Astra е поставена на EMP2 платформата која е соодветна за производство на бензински, дизел, плаг-их хибридни, но и електрични автомобили.
Токму електричната изведба ја очекуваме следната година.
Што се однесува до дизајнот, 6-тата генерација во предниот дел го “наследува” новиот “Визор” од своите претходници Mokka и Grandland. Со тоа во историјата замина решетката со црн панел. Краевите на “Визор”-от се надополнети со новиот LED систем кој може да биде опремен со “Intellilux” опцијата: 168 посебни LED сијалички кои поединечно го менуваат интензитетот на осветлување во зависност од условите на патот.
Новата Astra незначително порасна во должина и ширина, но не и во висина. Во однос на седмата генерација, оваа Astra e 15-милиметри пониска. Тоа дополнително го нагласува спортскиот карактер им се допадна на многу од верните фанови кои овој модел ги придоби во изминатите 30 години откако името Astra беше воведено за да го наследи легендарниот “Kadett”.
Меѓуоскионото растојание е исто така зголемено за дополнителни 13мм што овозможува поголема удобност во кабината, без компромис во однос на капацитетот на багажникот кој изнесува 422 литри.
И во ентериерот има радикални разлики во однос на претходникот.
Повторно се забележуваат дизејнерски елементи преземени од останатите модели на брендот. Така е со “Pure Panel” инструмент таблата, која се карактеризира со минималистички изглед и на минимум го сведува бројот на физички копчиња. Таа вклучува два широки 10-инчни екрани кои визуелно формираат геометриска целина.
Од Opel не пропушатаат да нагласат дека новата Astra е комплетно германски производ, кој е дизајниран и развиван во седиштето на компанијата во Риселсхајм каде што минатата есен започна и сериското производство.