Slide

Новитети

Opel ги објави деталите за очекуваната електрична изведба на Astra

Slide

Електричната изведба е поставена на добро познатата EMP2 платформа на Stellantis, која ја користи и сестринскиот модел Peugeot e-308.

02/12/2022

Електричната изведба ќе ја надополни широката гама составена од бензински, дизел и плаг-ин хибридни изведби.

Воедно, адутот на Opel во компакт класата ќе го надополни и електричното портфолио на брендот, кој во својата EV понуда веќе некое време ги има Corsa и Mokka.

Лансирањето на првите примероци со електричен погон е најавено за пролетта 2023 година.

Електричната изведба е поставена на добро познатата EMP2 платформа на Stellantis, која ја користи и сестринскиот модел Peugeot e-308.

И двата модела ја имаат истата 54 kWh батерија која се состои од Никел (80%), Манган (10%) и Кобалт (10%). Автономијата со едно полнење на батеријата кај Astra изнесува 416 километри.

Електричниот мотор е производ на соработката на Stellantis со јапонската компанија Nidec, а има сила од 115 kW.

Цените за електричната Astra сѐ уште не се објавени. 

Електричната изведба на Astra e уште еден значаен чекор кон комплетната електрификација на Opel во Европа, која е најавена за 2028 година.

Тековната генерација на Astra беше лансирана во првиот квартал на годината, а ние имавме можност да присуствуваме на медиската презентација во близина на Лисабон во февруари годинава. Таа се произведува во фабриката во седиштето на Opel во Риселсхајм.

Електричната изведба на Astra има многу адути, но и силна конкуренција, со оглед на сѐ поголемиот број на модели кои се натпреваруваат за пазарниот удел во овој сегмент. Opel ќе се обиде да ги убеди клиентите дека својот модел е подобар од Renault Megane E-Tech, Volkswagen ID3 и Cupra Born.

А несомнено, во извесна иднина Astra ќе се конкурира и со новата генерација на електричниот Golf за чие лансирање беше неодамна одлучено.

Slide
Slide

Најнови содржини

BMW ja претстави осмата генрерација на 5 Series, заедно со комплетно електрична изведба именувана како i5
Малиот електричен SUV, EX30, ќе има систем за заштита од странична колизија со велосипедисти
Малото електрично возило на Cupra ќе се вика Raval и ќе биде лансирано во 2025 година
Директорот на Opel најавува ефикасна транзиција кон комплетна електрификација до 2028 година