Slider

Новитети

Opel го освежи Crossland: Кросоверот доби нов лик и подобрени возни карактеристики

Slider

Првата генерација на Crossland ги привлече помладите купувачи и сите оние кои сакаа да се најдат зад воланот на привлечен и достапен кросовер, а фејслифтот го вметнува новиот лик на Opel, наречен „Opel Vizor“, кој дебитираше кај поголемиот брат Mokka

07/10/2020

Opel ги објави првите фотографии и детали за освежениот Crossland, кој влегува во друштвото на новата Mokka со новиот дизајн, но и со исфрлување на наставката „X“ од своето име.

Првата генерација на Crossland ги привлече помладите купувачи и сите оние кои сакаа да се најдат зад воланот на привлечен и достапен кросовер, а фејслифтот го вметнува новиот лик на Opel, наречен „Opel Vizor“, кој дебитираше кај поголемиот брат Mokka.

Новиот лик на Crossland го прави уште поатрактивен и елегантен, а во таа насока одат сите повлечени линии од дизајнерскиот тим предводен од Марк Адамс, кој на задниот дел се реши за нова графика на светлата.

Функционалноста на Crossland се покажува на дело со можноста за повлекување на задната клупа за 15 сантиметри, со што за секунда капацитетот на багажникот се зголемува од 410 на 520 литри.

Opel потенцира дека возачите ќе бидат задоволни и поради реакцијата на инженерите во однос на системот за управување и суспензијата, со што се добиваат подобри возни карактеристики, односно подобар баланс меѓу агилноста и комфорот.

Новиот Crossland ќе биде достапен и со IntelliGrip системот, кој ќе ја подобри тракцијата без разлика на подлогата, обезбедувајќи пет различни опции кои возачот ќе ги селектира според условите на патот.

Кросоверот е напреден и во однос на технологијата, инфо-забавниот систем овозможува поврзување со Apple CarPlay и Android Auto, достапно е безжично полнење за телефонот, како и пристап до различни Opel интернет сервиси во зависност од регионот.

Изборот на мотори е едноставен, бензинските изведби се варијации на 1.2-литарските мотори, при што понудата започнува со тој со 83 коњски сили, а продолжува со турбо варијантите со 110 и 130 коњски сили.

Дизел понудата останува актуелна со 1.5-литарскиот мотор кој може да се избере со 110 или 120 коњски сили.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider