Вести
Opel го редизајнираше своето лого за да биде посоодветно за електричната ера која следи
Логото ќе биде претставено на новите модели од брендот за време на IAA во Минхен во септември годинава. На настанот Opel ќе ја нагласи својата офанзивна транзиција кон електрификацијата.
Германскиот производител Opel објави дека го редизајнираше своето лого, за да биде посоодветно за електричната ера која го очекува брендот.
Логото го сочувува веќе познатиот изглед со молњата, но сега на сиболот му е аплициран малку поостар дизајн, за кој од Opel информираат дека има попрогресивен и модерен изглед.
Логото ќе биде претставено на новите модели од брендот за време на IAA во Минхен во септември годинава. На настанот Opel ќе ја нагласи својата офанзивна транзиција кон електрификацијата.
На настанот ќе дебитираат Astra Sports Tourer Electric, електрична Corsa со нова батерија како и нов електричен модел.
Логото ја нагласува заложбата на производителот по 2028 година во Европа да продава само електрични модели.
“Молњата која ја имаме во логото многу асоцира на електрична енергија и е идеален амблем за симоблизирање на пристапот на Opel во ерата на електромобилноста”, изјави Флоријан Хуетл, извршниот директор на Opel.
Што се однесува до аплицирање на логото на продукциските модели, купувачите кои своите автомобили ќе ги добијат на почетокот од следната 2024 година, веќе ќе го имаат и новиот амблем на своите возила.