Slider

Вести

Opel и неговите партнери подготвени за почетокот на фудбалската сезона

Slider

11/09/2020

Opel најави интересен последен квартал во оваа и почеток на следната 2021 година, во кој на купувачите ќе им бидат достапни неколку новитети, вклучувајќи ја и втората генерација на кросоверот Mokka, како и неколку нови електрифицирани изведби.

Германскиот бренд сериозно работи на процесот на електрификација, од вчера официјално го промовираше македонски „Еуроимпекс“ за нов генерален импортер за пет држави во овој регион, а веќе е подготвен и за продолжување на соработката со своите фудбалски партнери.

Opel како германски бренд има долга традиција во поддршка и соработка со докажани фудбалски имиња и клубови, а така ќе биде и во новата сезона од германското и англиското првенство.

Јирген Клоп утре ја започнува новата сезона како менаџер на Ливерпул во обидот да му обезбеди одбрана на титулата на својот клуб, а трофејниот германски тренер останува горд амбасадор на Opel, постојано уживајќи во квалитетите на моделите на производителот од Риселсхајм и игнорирајќи ги скапите автомобили кои се вообичаена статусна играчка на своите фудбалери.

Додека Клоп го презентира Opel, односно Vauxhall на британска територија, во Германија продолжува соработката со Борусија Дортмунд и Мајнц.

Интересно, тоа се два клуба чиј поранешен тренер е токму Клоп, а и натаму остануваат партнери на Opel, кој е важна алка во креирањето на успешната клупска политика на бундеслигашите.

– Нам ни претставува големо задоволство да соработуваме со партнери како што се Јирген Клоп, Борусија Дортмунд и Мајнц. Партнерството со трите амбасадори започна од 2012 година и заеднички споделуваме исти вредности како достапност и инспиративност, – изјавил Андреас Маркс од германската централа на Opel.

Сезоната во германското првенство започнува следниот викенд, но Мајнц денеска има обврски во германскиот куп. Борусија Дортмунд ќе ја започне сезоната со дуелот против Борусија Менхенгладбах на домашен терен, а тогаш првпат ќе се слушне и фудбалската химна „You’ll never walk alone“, која го означува и партнерството на Opel со Клоп, Борусија и Мајнц.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider