Slide 1
Slide 1

Вести

Opel ја најави новата Astra, компактот ќе добие и електрифицирани изведби

Slide 1
Slide 1

08/06/2021

Првите тизер фотографии објавени од Opel се најава за впечатливиот дизајн на новата генерација на моделот Astra, која веќе се наоѓа во завршни подготовки во Риселсхајм.

Компактот во своето ново издание ќе биде поставен на основа која веќе ја користат дел од групациските роднини од Stellantis, a притоа ќе направи исчекор и со првите електрифицирани, поточно плаг-ин хибрид изведби.

Новата генерација на Astra ќе го добие Opel Vizor дизајнот на предниот дел кој дебитираше кај Mokka, a таму ќе бидат интегрирани и ултра напредните IntelliLux LED светла, како опција за возачите кои сакаат да инвестираат во напредна технологија која ќе им го олесни секојдневното управување со автомобилот.

Opel најавува минимален број физички команди, како и нов изглед на централната конзола, каде ќе доминираат два големи екрана за инструмент таблата и инфо-забавниот систем.

Германскиот бренд потврди дека Astra и во иднина ќе биде достапна во хечбек и комби изведба, а планот е производството да започне до крајот на оваа година.

Повеќе содржини за Opel:

Најнови содржини

Lexus го претстави новиот NX, првпат достапен и како плаг-ин хибрид
Мате Римац со порака до Маск поради игнорирањето на Nevera
Land Cruiser 300 носи темелни промени и проверен оф-роуд концепт на теренецот на Toyota
Alfa Romeo ќе го прослави 111. роденден со своите фанови