Slider

Новитети

Opel ја претстави новата Mokka, ќе биде достапна и како електрична изведба

Slider

Mokka е поставена на CMP платформата која носи последни технички решенија и можност за електрифицирани изведби, а електричната Mokka ќе располага со моќност од 136 коњски сили и ќе има досег од 322 километри со едно полнење на батеријата

24/06/2020

Opel официјално ги претстави првите фотографии од новата генерација на Mokka, која ќе влезе во сериско производство во последниот квартал од оваа година.

Кросоверот ја претставува новата дизајнерска насока на брендот, со предниот дел наречен „визир“, кој покрај тоја што изгледа иновативно и модерно, влече инспирација и од легендарната Opel Manta.

Она што посебно ги прави горди луѓето во Opel е фактот што Mokka ќе биде достапна како електрична изведба уште од почетокот на продажбата и таа ќе им се приклучи на бензинската и дизел изведбата.

Интересно, новата Mokka e за 12,5 сантиметри пократка од својот претходник, но има за 2 милиметри поголемо меѓуоскино растојание, вкупната должина изнесува 415 сантиметри, а капацитетот на багажникот е 350 литри.

Mokka е поставена на CMP платформата која носи последни технички решенија и можност за електрифицирани изведби, а електричната Mokka ќе располага со моќност од 136 коњски сили и ќе има досег од 322 километри со едно полнење на батеријата.

Германскиот производител ја најавува новата генерација како иновативна во однос на светлата откако ќе биде достапна LED Matrix опцијата со 14 модули, удобните седишта на кој е посветено посебно внимание, а добива и дигитализиран кокпит со централен екран од 7 или 10 инчи.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider