Skip to content

Новитети

Opel ја претстави освежената Insignia и во спортската GSi изведба

И онака атрактивниот дизајн на речиси 5 метри долгиот седан е дополнет со елементи кои го надградуваат динамичниот профил, а под поклопецот ќе располага со 2.0-литарски турбо-бензинец со 230 коњски сили кој соработува со 9-степена автоматска трансмисија

09/01/2020

Автомобилскиот саем во Брисел ја отвори новата 2020 година во однос на големите саемски манифестации посветени исклучиво на авто-индустрија, а една од интересните премиери за посетителите е освежената Opel Insignia.

За штандот на Opel да биде поинтересен се погрижи германскиот производител, кој токму во белгиската престолнина првпат ја претстави и освежената спортска изведба Insignia GSi, за потенцијалните купувачи кои сакаат малку повеќе возбуда и перформанси.

И онака атрактивниот дизајн на речиси 5 метри долгиот седан е дополнет со елементи кои го надградуваат динамичниот профил, а под поклопецот ќе располага со 2.0-литарски турбо-бензинец со 230 коњски сили кој соработува со 9-степена автоматска трансмисија.

Дополнително, Opel Insignia GSi ќе добие и Brembo сопирачки, ревидирани спортски седишта, користи напредна „eBoost“ технологија за сопирање и Twinster погон на четири тркала со систем за контрола на вртежите.

Посебен специјалитет на GSi изведбата ќе биде FlexRide адаптивната суспензија која е дотерувана на Нирбургринг и ќе овозможи различни сетинзи според изборот на режим на возење, а сите овие додатоци ќе треба да го неутрализираат ефектот на намалената моќност во однос на претходната изведба која располагаше со 30 кс повеќе.

Освежената Insignia носи нови квалитети и за своите Grand Sport и Sport Tourer изведби, вклучувајќи ги поекономичните мотори, модерните IntelliLux LED Pixel Light светла кои вклучуваат 168 LED елементи, како и голем број безбедносни системи и возачки асистенти.

Токму од Брисел започнува новото поглавје на Insignia, a знаменосецот на Opel е подготвен за предизвиците во својата класа.

Full screenExit full screen

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider
Slider

Send this to a friend