Slide

Вести

Opel ќе го искористи легендарниот акроним GSe како ознака за електричниот спортски подбренд кој ќе го воведе наскоро

Slide

Од Opel најавуваат дека ќе го користат истиот акроним, но со ново значење, соодветно за електричната ера.

19/09/2022

Германскиот производител во рамките на Stellantis групацијата најави враќање на спортските изведби на своите модели во форма на подбренд именуван како GSe. 

Овие изведби ќе имаат висока опременост и спортски перформанси.

Најавата доаѓа како надополнување на планот на производителот за екстензивна електрификација. Имено, за 2 години секој модел во гамата на Opel треба да има плаг-ин хибрид изведба, додека во 2028 година, брендот треба да има исклучиво електрични модели во своето портфолио.

Сега, освен тоа, најавен е и план за додавање на GSe изведби за дел од своите модели.

Од Opel најавуваат дека ќе го користат истиот акроним, но со ново значење, соодветно за електричната ера.

“Многу сум среќен што можам да го најавам враќањето на GSe, спортски подбренд како наше врвно достигнување во гамата. Повторно зедовме инспирација од нашето богато наследство – како што направивме за нашиот нов храбар и елегантен дизајн – и му дадовме модерен пресврт. Во иднина, ознаката GSe не само што ќе означува динамички, забавни автомобили за возње, туку и ќе претставува “Grand Sport Electric” во целосна усогласеност со нашите амбициозни планови да станеме целосно електричен бренд”, изјави Флориан Хутл, извршниот директор на Opel.

Како претходница на најавата на враќањето на GSe, Opel веќе ја претстави спортската Manta GSe, култен модел од седумдесетите години на минатиот век.  

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

VW T-Roc e бестселер во Европа во втор последователен месец , пред Dacia Sandero и Peugeot 208
Porsche од денес котира на берзата во Франкфурт, вкупната вредност на компанијата изнесува 78 милијарди евра
Citroën го објави своето ново лого, десетто по ред во 103-годишната историја на брендот
Третата генерација на Range Rover Sport пристигна во Македонија, беше претставена на свечен настан