Slider

Вести

Opel му го честиташе успехот на Клоп: Знаеме како е да направиш камбек по долго време

Slider

Јирген Клоп е бренд амбасадор на Opel уште од 2012 година, а неодамна учествуваше во промоцијата на електричната Corsa, како и најавата за Мокка, модел кој исто така ќе добие електрична изведба

26/06/2020

Германскиот производител Opel денеска му го честиташе успехот на својот бренд амбасадор, Јирген Клоп, кој не само што стана прв германски тренер кој триумфирал во англиското првенство, туку стави и крај на 30-годишнит пост на Ливерпул во Премиер лигата.

Клоп по доаѓањето во Ливерпул во 2015 година најави дека очекува да му го донесе најпосакуваниот трофеј на англискиот клуб, а во меѓувреме го одведе и до европска титула, која беше освоена минатата сезона.

– Честитки до Јирген, неговиот стручен штаб, фановите и фудбалерите, поточно сите кои се инволвирани околу Ливерпул. Ние во Opel знаеме како изгледа да направите камбек по подолго време и се надевам дека сите што навиваат за клубот уживаат во моментот, – вели Михаел Лохшелер, CEO на Opel.

Јирген Клоп е бренд амбасадор на Opel уште од 2012 година, а неодамна учествуваше во промоцијата на електричната Corsa, како и најавата за Мокка, модел кој исто така ќе добие електрична изведба.

Интересен е фактот што Opel е спонзор и партнер и на германските клубови Мајнц и Борусија Дортмунд, екипите кои ги водеше германскиот тренер, пред да пристигне во Ливерпул.

Познат по својата скромност, англиските медиуми често го истакнуваат фактот дека за разлика од фудбалерите кои пристигуваат на тренинзите со автомобили чии цени се шестцифрени, Клоп ужива во својата Insignia Sports Tourer.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider