Slider

Вести

Opel обезбедил пласман за електричната Mokka-e за цела година однапред

Slider

09/12/2020

Новата генерација на Opel Mokka има посебно значење за германскиот бренд и поради фактот што првпат ќе понуди електрична изведба на својот кросовер.

Специјализираните германски медиуми пренесуваат дека интересот за електричната Mokka-e ги надминал очекувањата на производителот од Риселсхајм, па веќе се резервирани примероците за речиси цела година однапред.

Најавите на Opel се дека првите примероци на Mokka-e ќе бидат доставени до купувачите во март 2021 година, а речиси целото планирано производство за следната година е однапред букирано од заинтересираните купувачи.

Најголем дел од нив се на домашниот германски пазар и купувачи кои ќе ја искористат сумата за субвенции која ја нуди државата и која сериозно ја намалува продажната цена на Opel Mokka-e.

Основната верзија од 32.900 евра на ваков начин ќе биде достапна за 23.430 евра, а покрај неа, речиси до крајот на 2021 година се резервирани и примероците на поопремената Edition верзија.

Opel ќе ја понуди електричната Mokka паралелно со изведбите со мотори со внатрешно согорување, па германскиот бренд очекува втората генерација да биде уште поуспешна од својот претходник.

Повеќе содржини за Opel:

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider