Slide
Slide

Вести

Opel, Citroën и Peugeot од месецов ќе нудат само електрични изведби на патничките ванови во Европа

Slide
Slide

Ќе биде сѐ потешко за автомобилските производители да ги следат Co2 нормите на ЕУ и во тековната 2022 година, со оглед на тоа што коефициентот за комплетно електричните возила годинава се намалува на 1.33, споредено со ланскиот, кој изнесуваше 1,67.

11/01/2022

Бензинските и дизел изведби на компактните, и вановите со средна големина годинава ќе престанат да се нудат во ЕУ и Велика Британија.

Citroën, Peugeot и Opel ќе започнат со продажба на исклучиво електрични изведби на своите патнички ванови во Европа. Имено, овие три клучни брендови во сегментот на лесни комерцијални возила ќе започнат со транзицијата уште месецов.

Според производителите, одлуката е донесена за да се обезбеди иднината на овие модели. Ова минатата недела го навестија извршните директори на трите бренда во одделни соопштенија за медиумите.

Прекинот се однесува само на патнчките изведби на комерцијалните ванови, а карго изведбите ќе може и во иднина да се нарачуваат и со мотори со внатрешно согорување. 

Патничките изведби на комеријцалните ванови ќе може да се нарачуваат со мотори со внатрешно согорување и во земјите надвор од ЕУ и Велика Британија. На европскиот континнент исклучок ќе бидат Швајцарија и Балканските земји, што подразбира дека нивната продажба ќе продолжи и во Македонија.

Според Citroën, одлкуката има за цел да ја обезбеди иднината на двата модели, позиционирајќи ја Stellantis групацијата како активен учесник во електричната транзиција.

“Електрификацијата е особено сензитивна кај MPV сегментот”, се вели во соопштението од Citroën. “Нивната силуета и тежина предизвикуваат поголема потрошувачка на гориво, чија цена продолжува да расте.”

“Оваа ситуација рапидно ќе ја намали релевантноста на бензинските и дизел погони кај овие модели”.

Ќе биде сѐ потешко за автомобилските производители да ги следат Co2 нормите на ЕУ и во тековната 2022 година, со оглед на тоа што коефициентот за комплетно електричните возила годинава се намалува на 1.33, споредено со ланскиот, кој изнесуваше 1,67.

Моделите на кои се однесува одлуката се Citroën Berlingo, Opel Combo и Peugeot Rifter, како и поголемите Citroën Jumpy Combi/Space Tourer, Opel Vivaro/Zafira Life и Peugeot Expert/Traveler. Брендот Fiat, кој исто така е дел од Stellantis групацијата, сѐ уште не објави соопштение во однос на ова прашање.

Патничките изведби на вановите на трите бренда имаа одлична продажба во 2021 година. Berlingo беше втор најпродаван ван со продадени 26,179 примероци заклучно со ноември 2021, веднаш зад VW Caddy (28,502), а пред Peugeot Rifter (22,490). Opel забележа 12,929 продажби од моделот Combo. Сепак, само многу мал дел од овие продажби се однесуваат на модели со електричен погон.

Винсент Кобе, извршниот директор на Citroën изјави дека електричните изведби ќе бидат доволни за да ја задоволат побарувачката. Уве Хохгешурц, извршниот директор на Opel, пак, изјави дека електричните ванови се значаен чекор кон постигнувањето на целта – Opel од 2028 да продава само електрични возила во Европа.

Електричната изведба на Berlingo има автономија од 380 километри, а слични перформанси имаат и сестрниските модели на Opel и Peugeot.

Но, цената на електричните изведби може да претставува пречка за купувачите. Цените на електричниот Berlingo во Франција започнуваат од 35,300 евра, додека најевтината изведба со мотор со внатрешно согорување чини 23,150 евра.

Слично, најевтиниот е-Jumpy чини 48,450 евра, додека основниот модел со мотор со внатрешно согоруавње – 32,350 евра. Државните субенции за електрични возила во европските земји значително ќе ја намалат оваа разлика.

Mоделите на Stellantis групацијата се соочуваат со конкуренција во електричниот MPV сегмент од страна на Toyota, Renault, како и Mercedes, кој во истата фабрика со Renault го произведува моделот T-Class.

Но, конкуренцијата значително ќе се зголеми со претставуањето на ID.Buzz, електричниот патнички ван на VW, кое е најавено за 9-ти март годинава.

Slide 1
Slide
Slide
Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

MMA и MB.EA платформите ќе овозможат 10 kWh потрошувачка на 100 km за електричните модели на Mercedes
Renault ги зголеми на цените на моделите за 7%, а ги намали фиксните трошоци за 2 милијарди евра
Раст од 7% на продажбата на Citroën во 2021, и покрај кризата со недостиг на полупроводници
Porsche, независно од Audi и Bentley, развива електричен знаменосец со кодно име K1