Slider

Новитети

Opel подготви специјална Individual изведба на бестселерот Corsa

Slider

21/01/2021

Новата генерација на Corsa е еден од најголемите виновници за враќање на Opel во профитабилните брендови, во 2020 година беше најпродаван модел во својата класа во Германија, а освои и респектабилни признанија како „Златен волан“, но и такви поврзани со електричната изведба.

Амбициите се подеднакво големи и во новата година, а Opel се погрижи да ги изненади фановите со специјална изведба која ќе биде позната како Individual.

По слоганот „црното е убаво“, Corsa Individual доаѓа во црна боја, црвени детали, како и 17-инчни алуминиумски тркала.

Специјалната Corsa го доби врвното GS Line нивото на опременост, но на истото се додадени и камера која покрива 180 степени, како и греење на волан и седиштата.

Во ентериерот се вметнати спортски седишта, алуминиумски педали, опшивање со црвена боја, како и црвена боја на менувачот, а оваа Corsa е поткована и со голем број системи за пасивна и активна безбедност.

Под поклопецот на Corsa Individual е 1.2-литарски бензински мотор со 100 коњски сили, кој овозможува спринт до 100 км/ч за помалку од 10 секунди.

Цената на Opel Corsa Individual во Германија изнесува 23.890 евра.

Повеќе содржини за Opel:

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider