Slider

Вести

Opel продолжува со бранот електрификација, најавен и електричен Movano

Slider

Електрифицираната верзија на Opel Combo исто така ќе биде во дилерската мрежа од следната година, додека новиот Opel Vivaro-e ќе им биде доставен на првите клиенти веќе следниот месец

09/09/2020

Opel продолжува со процесот на електрификација и кај својата препознатлива гама на комерцијални возила, а за време на конференцијата за мобилност „SHIFT“ во Берлин, извршниот директор на Opel, Михаел Лохшелер најави дека компанијата ќе лансира електрична верзија на транспортерот Movano веќе следната година. „

– Од 2021 година веќе ќе понудиме електрична верзија на секое возило во нашето портфолио на лесни комерцијални возила, изјавил Лохшелер.

Електрифицираната верзија на Opel Combo исто така ќе биде во дилерската мрежа од следната година, додека новиот Opel Vivaro-e ќе им биде доставен на првите клиенти веќе следниот месец.

– Електрификацијата е особено важна во сегментот на лесни комерцијални возила. Без разлика дали како возило за испорака до последен километар или за употреба на занаетчиите: Со Combo, Vivaro и Movano, им нудиме на нашите клиенти можност за возење без емисија на штетни гасови во центрите на градот во бројни индивидуални варијанти, – потенцира Лохшелер.

Opel исто така ја продолжува систематската и брза електрификација на палетата на патнички автомобили. Целосно електричната Corsa-e и Grandland X Plug-In Hybrid се на пазарот од првиот квартал на 2020, а веќе е најавена и Zafira-e Life како семеен автомобил на електричен погон.

Неодамна беше претставена комплетно новата Mokka, која го претставува идниот дизајн на марката Opel како ниедно друго возило, а следната година ќе следат и електрифицираните верзии на Opel Combo Life и сосема новата Opel Astra.

– Наредната година ќе им понудиме на нашите клиенти девет различни електрифицирани модели и затоа сме добро застапени во најважните сегменти. Ветивме дека Opel ќе биде електричен – и ќе го реализираме тоа ветување. Ние преземаме лидерска улога во однос на просечната Co2 емисија, а исто така, ќе ги понудиме сите модели во електрифицирана верзија до 2024 година, – дополнува првиот човек на Opel.

Opel веќе значително ја намали просечната флотна емисија на CO2 за 20 грама до крајот на 2019 година во споредба со крајот на 2018 година. Покрај тоа, во првата половина на 2020 година, Opel успеа да ги намали емисиите на СО2 на своите возила во Германија за 13,5 проценти во споредба со истиот период од претходната година – најголемо намалување на сите производители со најмалку два процентен удел на пазарот.

Најавата за електричниот Movano го означува следниот чекор на тековната офанзива на Opel во електричната мобилност и намалувањето на емисиите на Со2.

Заедно со групацијата PSA и Total, преку својата подружница Saft, Opel потпиша договор за создавање на „Automotive Cells Company“, компанија за развој и производство на батерии со високи перформанси за автомобилската индустрија од 2023 година, а центарот за истражување и развој во Бордо и во Нерсак (Франција) веќе е започнат процесот на развивање на нови литиум-јонски технологии со високи перформанси.

На крајот од оваа фаза на истражување и развој, производството се планира да започне во две „гигафабрики“, во Дувран (Франција) и Кајзерслаутерн (Германија). Производителот на автомобили од Риселсхајм веќе има инсталирано 350 станици за полнење за растечката флота електрични возила во неговиот роден град.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider