Slide 1

Вести

Opel се враќа во Јапонија каде продаваше автомобили до 2006 година

Slide 1

Најавите се дека на почетокот Opel ќе ја понуди Corsa како свој бестселер кој можеби ќе добие и друго име адаптирано само за Јапонија, како и Grandland X и мулти-функционалниот Combo Life

18/02/2020

Неполна недела откако го најави своето активирање на автомобилските пазари во Колумбија и Еквадор, Opel најави дека повторно ќе понуди дел од својата гама и на спефицичниот јапонски пазар.

Opel беше присутен во Јапонија до 2006 година кога тогашниот сопственик General Motors реши да го повлече од понудата во оваа земја. Во компанијата ја паметат 1996 година како рекордна со дури 38.000 продадени примероци на јапонски купувачи.

Сега со помош на веќе воспоставената инфраструктура и позиционираност на групацијата PSA, брендот од Риселсхајм продолжува со реализација на PACE! стратегијата, овојпат со кам-бек на еден од најпрестижните пазари.

Најавите се дека на почетокот Opel ќе ја понуди Corsa како свој бестселер кој можеби ќе добие и друго име адаптирано само за Јапонија, како и Grandland X и мулти-функционалниот Combo Life.

– Јапонскиот пазар е еден од најголемите во светот, а Opel ужива добра репутација таму како германски бренд. Затоа, нашето враќање на јапонскиот пазар е важен чекор во зголемувањето на нашата профитабилност на надворешните пазари, како што најавивме со PACE! планот, – вели Михаел Лохшелер, CEO на Opel.

Постепено подобрувајќи ја својата дилерска мрежа низ цела Јапонија, Opel очекува посебно позитивен импулс и поради електрифицираните изведби, односно на почетокот тоа ќе бидат електричната Corsa и плаг-ин хибрид изведбата на Grandland X.

Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

Renault ќе го замени Kadjar со Austral – нов компактен SUV кој ќе има и плаг-ин хибридна изведба
Караван изведбата на Opel Astra ќе атакува на позицијата на Skoda Octavia – бестселерот во сегментот во Европа
Porsche во 2024 ќе ги лансира новите батерии со силициумски аноди и 10 пати поголема енергетска густина
Stellantis ја зголеми автономијата на електричните модели на Opel и Peugeot преку нови пневматици од Continental