Skip to content

Вести

Opel се збогуваше со легендарниот дизајнер Ерхард Шнел, авторот на култниот GT

Шнел ја започнал својата кариера во Opel во далечната 1952 година, за подоцна да биде заслужен за модели како Calibra, Corsa и пред се Opel GT, за кого постојано истакнуваше дека е негова гордост

12/02/2020

Ерхард Шнел беше еден од најпознатите германски автомобилски дизајнери, а објавувајќи ја неговата смрт на 92-годишна возраст, Opel уште еднаш ги потенцираше успесите на истакнатиот дизајнер во автомобилската индустрија.

Шнел ја започнал својата кариера во Opel во далечната 1952 година, за подоцна да биде заслужен за модели како Calibra, Corsa и пред се Opel GT, за кого постојано истакнуваше дека е негова гордост.

Легендарното купе на брендот од Риселсхајм се произведуваше меѓу 1968 и 1973 година, а половина од произведените примероци завршиле на американскиот континент.

Експериментот наречен GT се претворил во вистински хит, бидејќи овој модел на Opel создаде голем број фанови, а Шнел е потпишан на првата генерација на Corsa, како и на Calibra која ја создаде заедно со GM дизајнерот Вејн Чери и која остана еден од неговите омилени автомобили.

Шнел работеше во Opel до 1992 година, а остана присутен на најважните настани поврзани со легендарните модели и изминативе години, вклучувајќи го одбележувањето на 50. роденден на Opel GT.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider
Slider

Send this to a friend