Slide 1

Новитети

Opel претстави нов електричен автомобил што ќе може да го управуваат и деца на 14-годишна возраст

Slide 1

Доколку Opel Rocks-E се квалификува како "лесен четирицикл", тогаш ќе се зголеми и целната група на купувачи на овој модел. Согласно регулативата во нашата земја, лесните четирицикли може да ги управуваат лица со наполнети 16 години, кои, сепак, прво мора да полагаат испит за познвање на сообраќајните знаци и да поминат лекарски преглед.

30/08/2021

Воопшто не е лесно да се предвиди како ќе изгледа иднината на микро-мобилноста во централните подрачја на големите градови. Дали ќе продолжат да доминираат велосипедите, електричните тротинети и мотори, или пак, ќе бидат потиснати од возила со нова интересна форма? 

Јасно е дека дел од решението нема да бидат големи SUV возила со мотори со внатрешно согорување, но сепак, на другата страна од спектарот има многу алтернативи. Најчесто ваквите концепти имаат неколку заеднички карактеристики: електричен погон, автономно возење и компактен дизајн.

Aвтомобилските производители започнаа да го тестираат пазарот со различни пристапи и форми.

Шпанскиот производител Seat веќе има електрични тротинети и електрични мотори во својата понуда на некои европски пазари. Слично е и со Peugeot, чиј електричен мотор Е-LUDIX има електричен погон од Bosch и автономија од 50 километри со едно полнење. 

По електричните тротинети и мотори, очигледно е време за тестирање на вкусовите на потрошувачите со компактни, стилски и електрични четирицикли. Пред една и пол година Citroën го претстави моделот Ami, а неодамна и Opel ги објави деталите за Rocks-e, својот двосед на електричен погон кој, исто како и Аmi, ќе се хомологира како четирицикл.

Но, симпатичните возила не се пионери кога е во прашање овој сегмент. Имено, Renault Twizy уште од 2012 година се забележува низ улиците на големите европски градови, а во првата година по лансирањето беше најдобро продавано електрично возило во Европа.

Opel Rocks-e (2021)
Opel Rocks-e (2021)
Opel Rocks-e (2021)
Opel Rocks-e (2021)
Opel Rocks-e (2021)
Opel Rocks-e
Opel Rocks-e (2021)
Opel Rocks-e (2021)

Opel Rocks-e (2021)
Opel Rocks-e (2021)
Opel Rocks-e (2021)
Opel Rocks-e (2021)
Opel Rocks-e (2021)
Opel Rocks-e
Opel Rocks-e (2021)
Opel Rocks-e (2021)
previous arrow
next arrow

По 10-тина години, интересот за Twizy опадна, а во меѓувреме во офанзива оди Opel, кој смета дека успешниот рецепт за микро-мобилноста се SUM (Sustainable Urban Mobility) возилата, акроним кој брендот го користи за категоризирање на својот нов електричен четирицикл.

Rocks-e со автономија за цел ден

Со своите димензии (2.41м должина/1.39м ширнина), близнакот на Citroën Ami има круг на вртење од само 7.2 метри, што го прави идеален за маневрирање низ сообраќајниот метеж во големите градови.

Opel Rocks-e има безмалку симетричен дизајн, па предниот и задниот дел се разликуваат само по бојата на светлата. Тоа не е случајно: колку е помал бројот на различни делови во возилото, толку повеќе се намалуваат трошоците за производство. Заради тоа, дури и вратите се комплетно идентични, па се отвораат во различни насоки.

Од Opel сметаат дека батеријата со капацитет од 5.5kWh и 75-те километри автономија со едно полнење се сосема доволни за целодневно движење низ урбаните градски средини. Сопствениците ќе може да го полнат својот Rocks-e на обичен домашен електричен приклучок. За ова тие ќе треба да испланираат нешто повеќе од 3 часа во текот на денот.

Возилата ќе се испорачуваат со прицврстен кабел со должина од три метри. Opel ќе понуди и адаптер, со што четирициклот ќе може да се полни и на станиците за брзо полнење.

Забележлива е поставеноста на 14-инчните тркала на краевите на каросеријата, при што тие не заземаат од просторот во кабината. Прозорците ќе се отвораат само до половина, но заради нивната вертикална поставеност се очекува добра прегледност.

Уште едно неконвенционално решение – совозачкото седиште е поставено поназад во однос на она на возачот. Резултатот е поголем простор за нозете, но и поголем волумен во случај на пренесување на товар. Добро е што панорамскиот покрив е сериски вграден во Rocks-e.

Инструмент таблата покажува четири параметри: брзината, режимот на возење, наполнетоста на батеријата и преостанатите километри автономија. Функцијата на инфотејнмент екран ќе ја извршува телефонот на возачот, а од Opel предвиделе посебен држач за него, поставен десно од воланот. 

Три нивоа на опрема

Rocks-e ќе се произведува во Мароко, а се очекува да пристигне на некои европски пазари уште во октомври. Во земјите каде што ќе се комерцијализира, ќе може да се нарача онлајн или преку дел од дилерската мрежа. Веќе следната година во план е да се зголеми бројот на земји во кои ќе се продава овој модел.

Планирани се три нивоа на опрема. Пакетите на опрема Klub и Tekno го дополнуваат основниот пакет. Во моментов деталите за нивоата на опрема сè уште не се познати. Ист е случајот и со цената. 

За споредба, сестринскиот модел Citroën Ami во Франција се продава за 6.090 евра (со пресметана државна субвенција од 900 евра).

Класификација во зависност од законските одредби

Што се однесува до Македонија, тековниот Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата предвидува два типа на четирицикли: “Лесен четирицикл” и “Четирицикл”. Според дел од параметрите како што е максималната брзина, Opel Rocks-e припаѓа во првата, а според други (тежина и моќност на електромоторот) во втората класификација.

Со оглед на тежината од 471 килограми вклучувајќи ја и батеријата, Rocks-e би требало да се квалификува како "четирицикл". Законот за овие возила предвидува максимална тежина дo 400 килограми, не сметајќи ја батеријата. Со оглед на тоа што од Opel ја комуницираат само вкупната тежина, класификацијата ќе зависи од тежината на батеријата. 

Доколку Opel Rocks-e се квалификува како "лесен четирицикл", тогаш ќе се зголеми и целната група на купувачи на овој модел. Согласно регулативата во нашата земја, лесните четирицикли може да ги управуваат лица со наполнети 16 години, кои, сепак, прво мора да полагаат испит за познвање на сообраќајните знаци и да поминат лекарски преглед. 

Во зависност од локалната регулатива, во одредени земји со овие возила може да управуваат лица на возраст од 14 години! Таков е случајот во Франција, на пример, додека во Германија, по неодамнешните законски измени, долната граница е 15 години.

Во однос на продажбата на Rocks-e во Македонија, прашавме и во Еуроимпекс, но од регионалниот дистрибутер за Opel информираат дека сè уште нема информации во однос на тоа дали и кога овој модел ќе биде достапен кај нас.

Повеќе содржини за Opel:

Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

Renault ќе го замени Kadjar со Austral – нов компактен SUV кој ќе има и плаг-ин хибридна изведба
Караван изведбата на Opel Astra ќе атакува на позицијата на Skoda Octavia – бестселерот во сегментот во Европа
Porsche во 2024 ќе ги лансира новите батерии со силициумски аноди и 10 пати поголема енергетска густина
Stellantis ја зголеми автономијата на електричните модели на Opel и Peugeot преку нови пневматици од Continental