Slider

Новитети

Opel Vivaro-e: Практичен бизнис партнер на електричен погон

Slider

Електричниот погон преку електро-мотор (100 kW) обезбедува 136 коњски сили, а максималната брзина е ограничена на 130 км/ч

28/04/2020

Opel пред неколку дена ја најави електричната Mokka, која ќе биде дел од понудата на новата генерација на кросоверот, а денеска ги објави и деталите и првите фотографии од електричната изведба на Vivaro.

Електрификацијата ќе биде важен процес и во сегментот на комерцијалните возила, па затоа Германците го најавија Vivaro-e, како свој прв електричен модел во LCV програмата, овозможувајќи извршување на работните задачи во урбаните средини со нулта емисија.

Opel Vivaro е познат по своите функционални карактеристики и опциите за транспорт на луѓе и предмети кои ги овозможува, а Vivaro-e на тоа додава и електричен погон со два вида батерија.

Со помалата (50 kWh) досегот изнесува 230 километри, а со поголемата (75 kWh) до 330 километри, а батеријата е сместена под просторот за товарање и на тој начин не претставуваат никаква пречка при извршување на секојдневните транспортни обврски.

Електричниот погон преку електро-мотор (100 kW) обезбедува 136 коњски сили, а максималната брзина е ограничена на 130 км/ч.

Opel Vivaro-e останува достапен во неколку конфигурации, со карго простор меѓу 5,1 и 6,6 метри кубни, а височината од 1,9 метри му овозможува поголем пристап за реализирање на професионалните задачи. Vivaro-e добива и многу системи за безбедност и асистенција на возачот, како и инфо-забавен систем кој овозможува возачот и патниците да ги користат последните технолошки достигнувања на брендот.

Full screenExit full screen

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider