Slider

Вести

Opel во иднина достапен во уште две јужноамерикански земји

Slider

Првичниот план е во двете земји да бидат понудени Crossland X и Grandland X, односно Combo Cargo и Vivaro, a до крајот на годината треба да им се приклучи бестселерот, Opel Corsa

10/02/2020

Германскиот бренд Opel продолжува да ги исполнува зацртаните приоритети од стратегискиот план „PACE!“, а најновиот чекор е проширување на својата продажна офанзива во уште две јужноамерикански земји.

Се работи за Колумбија и Еквадор, два интересни пазари на кои Opel веќе склучи договори со своите импортери и наскоро ќе започне со продажба на дел од моделите.

Првичниот план е во двете земји да бидат понудени Crossland X и Grandland X, односно Combo Cargo и Vivaro, a до крајот на годината треба да им се приклучи бестселерот, Opel Corsa.

– Колумбија и Еквадор се многу интересни пазари за нас и ќе ни овозможат дополнителен импулс во продажбата. Ни помага и тоа што настапуваме како германски бренд, како и постоечката инфраструктура на PSA и добрите резултати на сестринските брендови во овие земји, – вели Михаел Лохшелер, CEO на Opel.

Германците веќе се присутни во Чиле, во меѓувреме се вратија во Русија, а до 2022 година е планирано присуство на 20 нови пазари, а целта е до средина на деценијата најмалку 10 проценти од продажбата да биде реализирана надвор од Европа.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider