Slide 1
Slide 1

Вести

Организаторите најавија иновативен концепт за Саемот во Женева во 2022 година

Slide 1
Slide 1

28/05/2021

Автомобилските саеми претрпеа голем удар поради пандемијата и тоа во период во кој и онака често беа игнорирани од производителите, но Саемот во Женева планира да ја продолжи својата долга традиција.

Организаторите официјално најавија дека започнуваат со активности за изданието во 2022 година, отворајќи ја можноста за сите заинтересирани изложувачи да го потврдат интересот, па и да си резервираат позиција во „Палекспо“.

Саемот во Женева во 2022 година ќе се одржи меѓу 19 и 27 февуари, а два дена претходно ќе бидат предвидени за новинарите кои ќе ги покријат веројатно големиот број новитети.

По две откажани изданија поради коронавирусот, она што е посебно важно е дека организаторите најавија нов, иновативен концепт, кој ќе ги заинтригира и заинтересира производителите, но и ќе го зголеми бројот на посетители.

Содржини за електрични автомобили:

Најнови содржини

Мате Римац со порака до Маск поради игнорирањето на Nevera
Land Cruiser 300 носи темелни промени и проверен оф-роуд концепт на теренецот на Toyota
Alfa Romeo ќе го прослави 111. роденден со своите фанови
Kia Motors Macedonia ја започнува „смелата трансформација“