Slider

Вести

Оштетувањата од дупките на патот ги чинат британските возачи 1,25 милијарди фунти годишно

Slider

Анализата покажала дури 10,8 милиони возачи пријавиле проблем последните 12 месеци, а пресметката за штетите последните три години стигна до 3,4 милијарди фунти

25/03/2020

Британските возачи трошат 1,25 милијарди фунти за една година за да ги санираат штетите на автомобилите предизвикани од дупките на локалните патишта, – вели угледната компанија за поправки и санација „Kwik Fit“ во своето последно истражување.

Анализата покажала дури 10,8 милиони возачи пријавиле проблем последните 12 месеци, а пресметката за штетите последните три години стигна до 3,4 милијарди фунти.

За ситуацијата да биде полоша, тука се сознанијата на компанијат дека голем дел од возачите се уште не ги санирале проблемите иако се свесни дека ги имаат, а актуелниот коронавирус веројатно ќе ја одложи посетата на сервисен центар на подолг период.

Просечната сметка за поправка за секој возач во Велика Британија изнесува по 115 фунти, а тие морале да направат поправка на суспензијата, тркалата или пневматиците.

Повеќе од четвртина од возачите (26%) изјавиле дека погодиле барем 30 поголеми дупки во текот на еден месец, а 32% изјавиле дека погодувањето дупка ги приморало да направат санација на пневматиците, тркалата, или делови од суспензијата и системот за управување.

Речиси сите трошоци за ваквите поправки паѓаат на товар на сопствениците на автомобили и евентуално осигурителните друштва, бидејќи државата рефундирала само 88 милиони фунти или 0,7% од трошоците за овој проблем.

 

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider