Slide

Вести

Освен што изгледа добро, новиот Peugeot 308 звучи одлично благодарение на францускиот премиум бренд Focal

Slide

Oд Peugeot не кријат дека дури и дизајнирањето на ентериерот било под влијание на Focal.

19/04/2022

Иако во последните неколку години корисничкото искуство во автомобилите сѐ повеќе е под влијание на визуелниот интерфејс на екраните осетливи на допир, комплетирањето на доживувањето, сепак, го заокружува аудио системот.

Години наназад дел од автомобилските брендови интегрираат премиум аудио производители за да го подобрат звукот во своите возила.

Mercedes соработува со Harman Kardon, Volvo и BMW го имаат Bowers and Wilkins, додека во новите модели на Audi и Bently ќе го забележите логото на Bang and Olufsen на вградените звучници.

Веќе седма година францускиот производител Peugeot соработува со производителот на премиум аудио системи, францускиот бренд Focal. 

Пред две и пол години, кога Peugeot организираше медиски настан во областа Прованса, во Франција, за да го промовира електричниот 2008, во салата за презентација имаше специјална секција во која доминираше импресивен аудио систем од францускиот премиум бренд.

Интересно е колку време автомобилските производители посветуваат на секој детаљ кога е во прашање аудио системот во возилата. 

Во случајот на Peugeot, тимови од двете француски компании заеднички работеа на развој на производ кој беспрекорно ќе се интегрира во автомобилите, но од Peugeot не кријат дека дури и дизајнирањето на ентериерот било под влијание на Focal.

Ова е во линија со стратегиското позиционирање на Peugeot, со кое брендот се движи кон повисок (upmarket) пазарен сегмент.

Купувачите во тој сегмент, освен врвни визуелни интерфејси, бараат и одличен звук. Тој звук може да го овозможи компанија која повеќе од 40 години важи за реномиран премиум производител на аудио системи. 

Што се однесува до новиот 308, аудио системот кој е интегиран во него вклучува 10 звучници, 4 вуфери, централен звучник на инструмент таблата како и овален сабвуфер.

Slide
Slide

Најнови содржини

Mercedes ќе го намали бројот на дилерствата, во процесот на транзиција кон агенциски модел на продажба
Volkswagen започна да прима нарачки за електричниот ван ID. Buzz, првите испораки – на есен
Презентација на 10 електрифицирани модели од Opel и Peugeot – два од брендовите на Stellantis групацијата
Mercedes за електричната G-Class ќе користи нови батерии со силициумски, наместо графитни аноди