Slide 1
Slide 1

Новитети

Освежен Opel Grandland за многу повеќе технологија и модерен дизајн

Slide 1
Slide 1

09/06/2021

Еден ден откако објави први фотографии од идната генерација на Astra, Opel излезе со конкретни детали за фејслифтот на SUV моделот Grandland.

Германците го освежија важниот член на семејството, кој сега го доби новиот уште помодерен дизајн, со Opel Vizor концептот на предниот дел, со кој Grandland ги добива трендовските карактеристики кои веќе се реалност кај новата Mokka.

Идентично како и кај помалата Mokka, производителот ја исфрли наставката X од името, па автомобилот во иднина ќе се вика само Grandland.

Како една од најважните технолошки иновации кои се вметнати во понудата на Grandland се IntelliLux LED Pixel светлата со 168 диоди, а овој SUV ќе ја понуди и „Night Vision“ опцијата, која првпат е дел од портфолиото на еден автомобил со логото со молња.

Системот детектира движење на пешаци и животни во темница на оддалеченост до 100 метри, по што го предупредува возачот кој ќе биде многу повнимателен во ваква ситуација.

Пакетот напредни системи го комплетира полу-автономното возење, откако преку адаптивниот круз-контрол Opel Grandland ќе ја следи ситуацијата пред себе и ќе го задржува автомобилот во средината на лентата на движење.

Новитет кај Grandland ќе биде и „Pure Panel“ концептот на кокпитот, каде ќе доминираат дигиталната инструмент табла и 10-инчниот централен екран, при што сериозно е намален бројот на физички команди.

Opel потврди дека и по освежувањето, Grandland ќе биде достапен и како плаг-ин хибрид.

Повеќе содржини за Opel:

Најнови содржини

Lexus го претстави новиот NX, првпат достапен и како плаг-ин хибрид
Мате Римац со порака до Маск поради игнорирањето на Nevera
Land Cruiser 300 носи темелни промени и проверен оф-роуд концепт на теренецот на Toyota
Alfa Romeo ќе го прослави 111. роденден со своите фанови