Slider

Новитети

Освежена Cupra Ateca за уште поголемо задоволство зад волан

Slider

Cupra Ateca очекувано доби најголемо освежување на предниот дел на екстериерот, каде по примерот на класичната изведба, вметнати се нови LED светла и магленки, како и редизајнарана маска на ладилникот и браник

22/06/2020

Една недела по официјалната дигитална премиера на освежената Seat Ateca, сличен третман доби и поспортската изведба потпишана од новиот бренд Cupra.

Cupra Ateca очекувано доби најголемо освежување на предниот дел на екстериерот, каде по примерот на класичната изведба, вметнати се нови LED светла и магленки, како и редизајнарана маска на ладилникот и браник.

Освежувањето се чувствува и на задниот дел, каде перформанс изведбата го задржува издувот со четири цевки, а достапни ќе бидат и 19-инчни тркала со препознатливиот дизајн во бакарна боја.

Дигитална инструмент табла со дијаметар од 10,25 инчи доаѓа како дел од сериската опрема, централниот екран е зголемен до 9,2 инчи, а купувачите на новата Cupra Ateca ќе добијат и Alcantara спортски седишта, редизајниран волан и уште потрендовски амбиент во целата кабина.

Инженерите на Cupra се погрижиле автомобилот да напредува во однос на возните карактеристики со нова калибрација на суспензијата и управувачот, а под поклопецот останува 2.0-литарскиот бензински мотор со 300 коњски сили, 400 Nm и максимална брзина од 247 км/ч.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider