Slide 1
Slide 1

Новитети

Освежениот Jeep Compass доаѓа со многу технологија и поевропски профил

Slide 1
Slide 1

06/04/2021

Jeep Compass се покажа како одличен потег на американскиот производител, а овој SUV успеа постепено да стигне до респектабилна позиција и меѓу европските купувачи.

Како потврда за тоа дојде и почетокот на производството во Италија, со што Compass им стана подостапен на европските купувачи, а ја потврди и својата амбиција да се адаптира на потребите и желбите на возачите на овој континент.

Сега веќе во рамките на групацијата Stellantis, Jeep денеска реализираше дигитална премиера на освежениот Compass, за кого производителот вели дека е најевропски ориентиран SUV досега и автомобил кој има императив да оствари уште подобри резултати.

Jeep вели дека дури 40 проценти од европската продажба е поврзана токму со Compass, a добро е прифатена и плаг-ин хибрид изведбата 4xe, која стигна да биде секој четврти купен Compass на европските пазари.

Во иднина, Compass ќе биде достапен со погонска моќ меѓу 130 и 240 коњски сили, а Jeep најавува одличен баланс меѓу економичноста и перформансите, вклучувајќи ја опцијата за трансмисија со двојна спојка кај помоќните изведби.

Купувачите ќе бидат задоволни и од следниот чекор во однос на дигитализацијата на ентериерот, па таму ќе пронајдат 10,25-инчна дигитална инструмент табла, како и најновата петта генерација на Uconnect инфо-забавниот систем поврзана со екран со 8,4 или 10,1 инчи, кој е поставен повисоко за поголема безбедност.

Jeep Compass ќе овозможи безжично поврзување со Apple CarPlay и Android Auto, а ќе добие и најнова генерација на 3D TomTom навигација.

Фејслифтот на компактниот SUV ќе биде прв Jeep во Европа со автономно возење од второто ниво, што подразбира адаптивен темпомат и асистент за возење на автопат, каде автомобилот ја одржува централната позиција во лентата и го контролира доближувањето до возило кое се движи пред него.

Достапни ќе бидат бензински мотори со 130 и 150 кс, дизел изведба со 130 кс, како и веќе познатите PHEV варијации со 190 и 240 кс.

Повеќе содржини за Jeep:

Најнови содржини

Мате Римац со порака до Маск поради игнорирањето на Nevera
Land Cruiser 300 носи темелни промени и проверен оф-роуд концепт на теренецот на Toyota
Alfa Romeo ќе го прослави 111. роденден со своите фанови
Kia Motors Macedonia ја започнува „смелата трансформација“