Slide 1

Вести

Освеженото Ceed семејство во комплетен состав во салонот на Кia во Скопје

Slide 1

GT изведбата (исто како и ProCeed изведбата) доаѓа во комбинација со најсилниот мотор со 204 hp и автоматска 7-степена трансмисија.

08/11/2021

Kia во последните неколку години навистина го разви Ceed моделот во цела гама на моделски изведби. Како дополнување на компактот со 5 врати, тука се и караван изведбата наречена Sportswagon, компактниот кросовер XCeed, како и Shooting Brake изведбата наречена ProCeed.

Моделите добија надградби за 2022 моделската година и нови мотори, па официјалниот дистрибутер за брендот Kia за Македонија креираше неколку пакети на опрема со кои го олеснува изборот на купувачите. 

Ние имавме можност да го посетиме салонот на Kia во Скопје, каде се изложени сите овие моделски изведби, а на кои веднаш се забележува и новото лого, кое производителот го воведе на почетокот на годинава.

Пакети на опрема

LX Edition 1, GT Line и GT пакетите кај Ceed се преконфигурирани за да овозможат соодветен распоред на опременоста согласно буџетите на корисниците.

LX Edition 1 вклучува низа безбедносни системи како дел од опремата, меѓу кои системот за избегнување на фронтален удар, системот за одржување во коловозна линија и автоматската регулација на долгите светла. 

Кај GT-Line пакетот дополнително е вклучен и автоматски клима уред, темпомат, полукожни седишта, Smart Key, и секако, GT Line ентериер кој вклучува спортски управувач, алуминиумски педали и спортски седишта. GT Line екстериерот, пак, се карактеризира со странични прагови, дифузери и различни предни и задни браници.

Освен дневните LED светла кои се достапни и кај LX Edition 1, кај GT Line се добиваат и задни светла со LED технологија.

Спортскиот GT пакет вклучува и автоматски клима уред со две независни зони, навигација, Android Auto/Apple CarPlay и JBL аудио систем со 7 звучници.

Освен ова, во GT пакетот е вклучен и 10.25-инчен инфотејнмент дисплеј, а и комплетно дигиталната инструмент табла која дебитира кај Kia во Европа. 

Таа е дел од стандардната опрема кај GT изведбата. 12.3-инчниот екран на дигиталната инструмент табла го покажува брзинометарот и мерачот на вртежи, а помеѓу нив е поставен мултифункцискиот дисплеј на кој се прикажани податоци од онборд компјутерот како и податоци за навигацијата, аудио системот и системите за асистенција при возењето. Графиката на инструмент таблата се менува штом се вклучи спортскиот режим на возење.

Мотори

Што се однесува до моторите, тие вклучуваат само турбо мотори со Еуро 6d-Temp норма како стандард. Нивната сила е во рангот помеѓу 120 hp кај Ceed LX Editiоn 1, па сè до 204 hp кај GT изведбите на Ceed и ProCeed. 

Новиот 1.0 T-GDI кај Ceed има три цилиндри и сила од 120 hp. Тој доаѓа во пакет со 6-степена манеуелна трансмисија како стандард и е замена за 1.4-литарскиот бензинец. Турбо моторот има поголем вртежен момент од 172 Nm (зголемување за 28%), а според производителот, тој воедно е поекономичен за околу 15%. 

GT Line може да се комбинира и со 1.5-литарскиот мотор со 160 hp, во комбинација со 6-степен мануелен или 7-степен автоматски менувач. 

Како што веќе спомнавме, GT изведбата (исто како и ProCeed изведбата) доаѓа во комбинација со најсилниот мотор со 204 hp и автоматска 7-степена трансмисија.

Караван изведбата SW, како и кросоверот XCeed се преконфигурирани со посилниот 1.5-литарски мотор со 160 hp, а и кај двата може да се избере помеѓу мануелната и автоматска трансмиција.

Цените на освежените модели

Почетната и добро опремена верзија на Ceed LX Edition 1, со 1.0 T-GDI мотор со 120 hp чини 18,950 евра, додека влезната цена за Ceed Sportswagon изнесува 20,750 евра.

Kia ProCeed, кој е достапен само во GT изведба, чини 31,950 евра, додека компактниот кросовер XCeed започнува со цени од 22.950 евра.

Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

Renault ќе го замени Kadjar со Austral – нов компактен SUV кој ќе има и плаг-ин хибридна изведба
Караван изведбата на Opel Astra ќе атакува на позицијата на Skoda Octavia – бестселерот во сегментот во Европа
Porsche во 2024 ќе ги лансира новите батерии со силициумски аноди и 10 пати поголема енергетска густина
Stellantis ја зголеми автономијата на електричните модели на Opel и Peugeot преку нови пневматици од Continental