Slide

Новитети

Освежување на дизајнот на кросоверот Kia XCeed за моделската 2023 година

Slide

Kупувачите на примероци од следната моделска година ќе може да изберат помеѓу три турбо бензински мотори, еден плаг-ин хибрид и еден дизел благ хибрид.

26/07/2022

Следната 2023 година, популарниот кросовер на Kia ќе се испорачува со подновен, поостар дизајн, а за прв пат ќе биде достапен и во спортската GT-Line изведба.

Најзабележливите промени во предниот дел се однесуваат на редизајнираната решетка од радијаторот и предниот браник, како и новиот изглед на отворите за воздух кои сега се поставени странично.

Магленките, кои досега беа поставени на нивно место, сега се вклучени во еден заеднички модул заедно со предните LED светла.

Во задниот дел забележлив е дифузерот во црна боја. Нови се и опционалните 18-инчни бандажи.

Кореанците додадоа и три нови металик бои (Lemon Splash, Yucca Steel Gray и Celadon Green). Како што спомнавме спортската GT-Line изведба е нова, а таа ќе може да се нарача само со најсилниот мотор со 204 hp.

GT-Line пакетот вклучува решетка на ладилникот која има поостар дизајн, специјално дизајнирани отвори за воздух во маската, црни хромирани елементи, LED задни светла со изглед на саќе, како и дифузер во боја на каросеријата.

Помеѓу останатите разлики на GT-Line се и црните 18-инчни алуминиумски бандажи, кровни шини и надворешните ретровизори во сјајно-црна боја.

Ново кај Kia XCeed моделските изведби е и комплетно дигиталната инструмент табла (во зависност од пакетот на опрема) со нов дизајн.

Во ентериерот се забележуваат нови материјали кои придонесуваат за чувство на попрефинет ентериер. Редизајниран е и внатрешниот ретровизор кој сега има помала рамка.

Што се однесува до моторите, купувачите на примероци од следната моделска година ќе може да изберат помеѓу три турбо бензински мотори, еден плаг-ин хибрид и еден дизел благ хибрид.

Додадени се нови системи за асистенција при возењето. Адаптивниот темпомат со старт-стоп функција сега е дополнет со функција за предупредување на возило во “мртов агол”. како и систем за итно сопирање.

Првите примероци од новата моделска година се очекуваат во до крајот на годинава.

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

Opel ги објави деталите за очекуваната електрична изведба на Astra
Екстра перформанси од Audi RS6 Avant Performance и RS7 Sportback Performance
Tesla го овозможи автономното управување кај сите сопственици на возило од нивниот бренд во Северна Америка
VW Group ги стопира рекламните кампањи на Twitter по преземањето на социјалната мрежа од Илон Маск