Slider

Новитети

Освежување за легендата: Toyota додаде моќ, технологија и престиж на Land Cruiser

Slider

Во комбинација со шест-степената мануелна трансмисија, Land Cruiser стигнува до 100 км/ч за 9,9 секунди, а максималната брзина на големиот теренец изнесува 175 км/ч

01/09/2020

Toyota ги претстави целосните детали за освежената изведба на актуелната генерација на Land Cruiser, при што е истакната помоќната погонска единица, вметнувањето на најновите безбедносни системи и подобрување на карактеристиките на инфо-забавниот систем.

Со традиција долга 70 години, продажба во над 190 земји во светот и навистина респектабилна позиција меѓу големите теренци, Land Cruiser едноставно има обврска постојано да се подобрува, а јапонскиот производител истакнува дека тоа е постигнато и со овој фејслифт.

4×4 гордоста на Toyota добива помоќен 2.8-литарски дизел мотор со 204 коњски сили и зголемен максимален вртежен момент до 500 Nm кои се достапни меѓу 1.600 и 2.800 вртежи во минута.

Во комбинација со шест-степената мануелна трансмисија, Land Cruiser стигнува до 100 км/ч за 9,9 секунди, а максималната брзина на големиот теренец изнесува 175 км/ч.

Toyota истакнува дека конективноста на освежениот Land Cruiser сега ги исполнува очекувањата и на најпребирливите купувачи, а важно е да се потенцира вметнувањето и на системите за автономно сопирање, како и адаптивниот темпомат со сите негови опции.

Купувачите кои ќе сакаат попрестижна изведба, сега ќе можат да си изберат „Black Pack“ спецификација, која подразбира голем број детали во црна боја на екстериерот и во ентериерот.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider