Slide
Slide

Стории

Откриваме како инженерите на Land Rover го адаптираа новиот Range Rover за изведба со 7 седишта

Slide
Slide

Должината на меѓуоскиното растојание на новиот Range Rover порасна за околу 200мм. Дополнителното растојание се рефлектира во задниот дел на возилото и овозможува подолги задни врати.

03/01/2022

Кога во 2016 година инженерите започнаа да ја дизајнираат 5-тата генерација на Range Rover, мораа да го оспособат за комплетно нова функција: легендарниот луксузен офроуд модел отсега мора да може да пренесува седум патници.

Уште од лансирањето на првата генерација во 1970, секоја изведба на Range Rover имала по два реда седишта и капацитет за 5 патници. Оваа традиција ќе се смени пролетва, кога за првпат ќе биде понудена изведба со три реда.

Иако и изведбите со два и три реда на петтата генерација на Range Rover ги делат истите каросериски панели, додавањето на трет ред седишта беше крупен предизвик во кој беа вклучени инженери и дизајнери од сите оддели – електричари, безбедносни експерти, тимот задолжен за седиштата, како и инженери задолжени за интеракција помеѓу луѓето и електрониката.

Воведувањето на трет ред седишта беше предизвик поради неколку фактори:

Новата “MLA high” платформа е конфигурирана за да може да се користи и за електрични модели, како и нови технологии во однос на суспензијата;

Креативниот директор на JLR, Гери Мекговерн не се согласи за било какви модификации кои би ја промениле силуетата на моделот;

Сега постои поголемо присуство на луксузни SUV модели од страна на конкурентите како Bentley, Mercedes, Rolls-Royce и Aston Martin;

“Кога во периодот околу 2005 година се развиваше четвртата генерација на Range Rover, не постоеше голема конкуренција во овој сегмент”, изијави Ник Милер, директор на тимот кој го развива Range Rover. “Но, сега ситуацијата е многу различна. Ние мора да ја задржиме компетитивноста, а во исто време да додадеме и нова изведба”, додава тој.

Но, додавањето на трет ред седишта не е едноставна процедура. Тоа не подразбира само додавање на дополнителни седишта и нивно зацврстување за подот. 

Милер октрива детали во врска со значајниот инженерски предизвик во однос на постигнување на комфор во третиот ред кој би го очекувале купувачите во луксузниот сегмент.

Клучниот фокус на инженерите бил овозможување на лесно влегување и излегување на задната клупа, комфорот и практичноста. Инженерите, исто така, морале да ги земат предвид и новите технологии кои беа воведени во новиот Range Rover, како што е управувањето на задната оска и електричниот систем за заштита од пролизгување.

Должината на меѓуоскиното растојание на новиот Range Rover порасна за околу 200мм. Дополнителното растојание се рефлектира во задниот дел на возилото и овозможува подолги задни врати. Тоа помогна за решавање на еден од наведените проблеми, но според Милер, пристапноста кон третиот ред е клучната разлика која може да го направи новиот Range Rover со седум седишта да биде функционален за патниците. Затоа, вториот ред електронски се поместува нанапред, а може и комплетно да се преклопи за само 8 секунди, за да направи простор за влез кон третиот ред седишта.

“Апсолутно е клучно веднаш да може да се помести вториот ред седишта. Тоа овозможува голем влезен простор за патниците на третата клупа, што во крајна линија ќе ги поттикне сопствениците на новиот Range Rover почесто да го користaт третиот ред седишта”, вели Питер Бингам, главен инженер за платформата MLA high.

Штом ќе седнат во третиот ред седишта, патниците ќе го забележат нискиот под, кој им овозможува пријатна и комфорна седечка позиција. Комфорот го дополнуваат и луксузните додатоци како што е вентилацијата во висина на лицето, грејачи на седишта, потпирач за рацете, амбиентално осветлување и приклучоци за полнење за секој од двајцата патници.

Но, инженерите на некои места ја намалија комплексноста. Бидејќи петтата генерација од самиот старт беше дизајнирана за трет ред седишта, инженерите развија алуминиумски под кој е составен од едно алуминиумско парче. Доколку го отстраните теписонот од изведбите со 5 и со 7 седишта, алуминиумските нитни прикачени за подот на изведбата со 7 седишта се единствена разлика која ќе ја забележите.

Милер не октрива колку Land Rover инвестирал во развој на третиот ред. Двете оски, на пример, беа адаптирани за поголемата тежина на задниот дел, како резултат на дополнителните патници, како и батеријата која ќе биде вклучена во електрифицираните изведби. 

“Не се работи само за визуелниот дизај, туку за неговата функционалност”, завршува Милер.

Slide 1
Slide
Slide
Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

MMA и MB.EA платформите ќе овозможат 10 kWh потрошувачка на 100 km за електричните модели на Mercedes
Renault ги зголеми на цените на моделите за 7%, а ги намали фиксните трошоци за 2 милијарди евра
Раст од 7% на продажбата на Citroën во 2021, и покрај кризата со недостиг на полупроводници
Porsche, независно од Audi и Bentley, развива електричен знаменосец со кодно име K1