Slide
Slide

Стории

Откриваме како најголемите европски производители на чипови се реорганизираат во трка со времето

Slide
Slide

Растојанието помеѓу транзисторите се мери во нанометри, а најновата генерација на чипови кои, на пример Apple, ја вградува во новата генерација на iPhone-и се 5-нанометарските чипови. Слот со чипови во фабрика за производство на чипови во Европа.

17/12/2021

Недостатокот на чипови ја чини автомобилската индустрија милиони непродадени примероци годишно и загубен промет кој се мери во милијарди евра. Најновите проценки се дека кризата ќе продолжи и во првата половина на 2022 година.

Во оваа сторија ви ги пренесуваме практиките и искуствата на вториот најголем европски производител на чипови во Европа – фабриката во близина на Милано, во сопственост на STMicroelectornics.

За почеток, запрепастувачки се разликите помеѓу вообичаениот процес на производство во фабрика за автомобили споредено со процесот на производство во фабриките за чипови.

Имено, фабриките за производство на автомобили вообичаено работат во две продукциски смени, пет дена во една седмица, односно вкупно 10 смени седмично. Преку додавање на ноќни и викенд смени, нивниот број може да се зголеми до 21, доколку производителот има потреба во одреден период да го зголеми производството.

Фабриките за производство на чипови, од друга страна, работат 24 часа на ден, 365 дена во годината, што не остава простор за дополнително зголемување на нивниот производствен капацитет, доколку се јави потреба за тоа.

Второ, нова фабрика за производство на автомобили може да започне со производсво по само две години од почнувањето на изградбата, а потоа, за само 6 дополнителни месеци може да достигне производство со полн капацитет. Истиот процес кај една фабрика за производство на чипови трае до 5 години.

И додека за производство на едно возило потребни се помеѓу 15 и 30 часови, за производство пакување и дистрибуција на чиповите потребни се дури пет месеци.

Ова секако не се добри вести за производителите. Но, добрите вести се тие дека кризата ги натрера да воспостават директна комуникација со производителите на чипови. Исто така, во изминатиот период стана јасно дека и европските производители на чипови може да произведуваат одредени висококвалитетни чипови со кои може да ги амортизираат последиците од кризата.

Споменатата STM инвестира 3 милијарди долари во нова фабрика во близина на Милано. Француско-италијанскиот производител е втор по големина во Европа, веднаш зад германскиот Infineon. 

Производството во сегашната фабрика вклучува чипови за воздушни перничиња, системот за навигација и отклучување на возилата без употреба на клучот.

Сепак, европските производители на чипови најчесто решаваат да не инвестираат во производство на најмодерните чипови кои се вградуваат во мобилните телефони.

Имено, растојанието помеѓу транзисторите се мери во нанометри, а најновата генерација на чипови кои, на пример, Apple ја вградува во новата генерација на iPhone-и, се 5-нанометарските чипови. 

Но, за производство на вакви чипови, европскиот производител би требало да инвестира дури 18 милијарди евра, за да креира производствен месечен капацитет од 35,000 слотови со полупроводници.

Заради тоа, само мал број на производители во САД, Израел, Јужна кореја и Тајван имаат производни капацитети за 10 или 5 нанометарските чипови.

Еден нанометар е еднаков на еден милијардити дел од метарот, а што е помало растојанието помеѓу транзисторите на чипот, се зголемува неговата ефикасност.

Сепак, минијатуризацијата и ефикасноста на чиповите се клучни фактори за мобилните телефони и компјутерите, додека главна карактеристика која автомобилските производители ја очекуваат од чиповите е долготрајноста и издржливоста во различни временски услови. Заради тоа, Европа, каде производството на чипови за автоиндустријата е најголемо, нема фабрики кои поризведуваат чипови помали од 10 нанометри.

За споредба, најнапредната фабрика на STM се наоѓа во францускиот град Крол, каде се произведуваат 28-нанометарски чипови наменети за автоиндустријата.

Европа во 2019 година произвела само 8 проценти од вкупното светско производство на чипови, што е намалување во споредба со 1998 година, кога европскиот континент имал 22% учество во вкупното производство.

Во прилог се неколку интересни факти за производството на чипови:

  • -3 месеци се потребни за производство на еден полупроводник
  • -Производството на секој чип се состои од 500 продукциски чекори
  • -Цената на еден чип се движи од 30 центи до 50 долари по парче. Најголем дел од чиповите кои се вградуваат во автомобилите чинат помалку од еден долар.
  • -Бројот на чипови во еден автомобил се движи помеѓу 1,000 и 4,000. Премиум моделите имаат поголем број на чипови, а бројот на чипови значително го зголемуваат ситемите за асистенција при возењето.
Slide 1
Slide
Slide
Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

Renault ги зголеми на цените на моделите за 7%, а ги намали фиксните трошоци за 2 милијарди евра
Раст од 7% на продажбата на Citroën во 2021, и покрај кризата со недостиг на полупроводници
Porsche, независно од Audi и Bentley, развива електричен знаменосец со кодно име K1
Новата генерација на компактот 308 пристигна во салонот на Еуроимпекс