Slide
Slide

Стории

Сторија: како недостигот од полупроводници доведе до експанзија на електричните возила во Европа

Slide
Slide

Пазарниот удел на електричните возила во западна Европа ќе достигне 11% во годината што измина. Овие бројки се многу повисоки од очекувањата пред една година, но тоа е делумно резултат на недостатокот на чипови.

05/01/2022

Продажбата на електрични возила во Европа доживеа вистинска експанзија во 2021, надминувајќи ги и најоптимистичките проекции. Што се однесува до најпродаваните модели, водството на Model 3 е загрозено од страна на моделите на VW и Renault, чија продажба доживеа експанзија во годината кога недостигот од полупроводници ги натера произвоителите, покрај на поскапите модели, да им дадат приоритет и на електричните.

Tesla Model 3 е на пат да стане најдобро продаван електричен модел во Европа во 2021 година, и покрај сѐ поголемата конкуренција од конкурентите.

Model 3 забележа продажба од 113,397 примероци во ноември, што е раст за 84%. Моделот ID.3 на Volkswagen со 63,109 продадени возила (раст од 125% во првите 11 месеци од годината) е на второто место. 

Renault Zoe, надобро продаваниот електричен модел за 2020 година, сега е на третото место. Zoe се продаде во 60,551 примероци, што претставува пад за 27% споредено со минатата година.

Tesla Model 3 и во септември годинава се најде на врвот на статистиките за продажба. Тогаш компактот стана првиот електричен модел кој бил најпродаван во конкуренција со сите модели од сите сегменти во Европа, престигнувајќи ги бестселерите како VW Golf и Renault Clio.

Пазарниот удел на електричните возила во западна Европа ќе достигне 11% во годината што измина. Овие бројки се многу повисоки од очекувањата пред една година, но тоа е делумно резултат на недостатокот на чипови. Автомобилските производители ги форсираат електричните модели за да го намалат просекот на Co2 емисии на ниво на гама, за да ги остварат квотите зададени од Европската Унија.

Имено, Co2 просекот се зголеми во последните неколку месеци од минатата година, бидејќи автомобилските производители поради недостигот на полупроводници го фаворизираа производството на модели во повисоките сегменти, кои имаат поголема продажна маргина, но во исто време имаат и повисоки Co2 емисии. 

Tesla, со околку 170,000 продадени возила, ќе ја заврши годината како најдобро продаван “електричен” бренд во Европа.

Што се однесува до групациите, со околу 300,000 продадени возила, на врвот, сепак, ќе доминира VW Group, со оглед на фактот дека веќе сите брендови-членки на групацијата имаат комплетно електрични модели во својата понуда. Tesla ќе биде на второто, а Stellantis на третото место.

Финалниот скор на Tesla ќе ги вклучува продажните бројки на Model T, кој ја зголеми продажбата на американскиот производител во Европа, преку увозот на овој модел од Кина. За споредба, Model Y во ноември се продаде во повеќе примероци споредено со ID.3 и ID.4.

Што се однесува до Renault-Nissan групацијата, иако се позиционираа на четвртата позиција, во иднина очекуваат големи резултати од Spring, електричниот модел на Dacia кој се произведува во Кина, а за кој постои голема побарувачка во Европа.

Благодарение на високата побарувачка на некои европски пазари, моделот Spring во ноември забележа 5,881 регистрации во Европа, што е повеќе споредено со Model Y или ID.3.

Tesla ќе ја заврши годината со пазарен удел од 2% во западна Европа, што е повеќе од двојно повеќе споредено со 0,9-те проценти остварени во 2020 година.

Slide 1
Slide
Slide
Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

MMA и MB.EA платформите ќе овозможат 10 kWh потрошувачка на 100 km за електричните модели на Mercedes
Renault ги зголеми на цените на моделите за 7%, а ги намали фиксните трошоци за 2 милијарди евра
Раст од 7% на продажбата на Citroën во 2021, и покрај кризата со недостиг на полупроводници
Porsche, независно од Audi и Bentley, развива електричен знаменосец со кодно име K1