Slide

Стории

Откриваме кој е бенефитот на 800-волтната, споредено со 400-волтната технологија кај електричните возила

Slide

800-волтната технологија овозможува користење на потенки кабли за поврзување на батеријата, моторот и слично, што доведува до заштеда на простор, тежина и бакар.

14/03/2022

Taycan, премиум спортскиот модел на Porsche, беше првиот електричен автомобил со 800-волтна технологија, што претставува двојно поголема волтажа од онаа која се користеше кај останатите електрични модели. Во меѓувреме уште неколку производители започнаа да ја имплементираат технологијата и во модели со подостапни цени.

Електричните системи на најголем дел од тековните електрични автомобили се поставени на ниво од околу 400 волти. Таа волтажа се наметна како неформален стандард во индустријата. 

Таквиот неформален стандард имаше свои предности: имено, доколку батеријата, електричниот мотор и полначите имаат иста волтажа, тоа овозможува комбинирање на компоненти од различни производители во еден автомобил.

Но, во последно време се наметнува уште еден неформален стандард: 800-волтната технологија. По нејзиното дебитирање кај премиум моделите како Porsche Taycan и Audi E-Tron GT, на пазарот се појавуваат и модели од масовните брендови кај кои таа започна да се користи. 

Највпечатлив пример за ова е корејскиот гигант Hyundai Motor, кој одлучи да ја користи оваа технологија кај моделите Hyundai Ioniq 5 и Kia EV6.

Оваа одлука на Кореанците е оправдана од повеќе аспекти, бидејќи 800-волтната технологија овозможува поголема ефикасност. На пример: при трансферот на електрична енергија низ електричен проводник, како што е елелктричниот кабел, се случува губење на топлина. За да се намали таа загуба, може да се користи или подебел кабел со помал отпор, или може да се зголеми напонот. 

Поголемата ефикасност се рефлектира и во самиот автомобил: 800-волтната технологија овозможува користење на потенки кабли за поврзување на батеријата, моторот и слично, што доведува до заштеда на простор, тежина и бакар. 

Бидејќи овој систем помалку се загрева, благодарение на помалата загуба на топлина, и системот за ладење може да биде помал и поефикасен. Како отежнителна околност, во овој случај изолацијата на каблите мора да биде подебела, но тоа не претставува проблем за производителите.

Повисоката волтажа го забрзува и процесот на полнење при користење на брзи полначи. Имено, брзите полначи кои во Западна Европа и САД се поставени на станиците за брзо полнење, се најчесто 500 амперски. При 400 волти, математичката пресметка покажува дека капацитетот на полнење изнесува 200 kW, додека при 800 волти, тој капацитет се удвојува на 400 kW. 

Сепак, ова се теоретски вредности, бидејќи најголем број на 400-волтните возила не го користат максималниот капацитет на полнење од 200 kW, најчесто 100 kW е максмумот. 

Слично е и со Taycanot, кој наместо 350 kW капацитет на полнење, во реалноста се полни со максимални 270 kW. Но, ова не ги намалува предностите на 800-волтната технологија. 

Напротив, сѐ поголем ќе биде бројот на нови електрични модели кои ќе ја користат. Неодамнешната престижна наградата на Кia EV6 за Европски автомобил на годината може само да ги мотивира конкурентите со забрзување на транзицијата кон 800-волтната технологија.

Slide
Slide

Најнови содржини

Mercedes ќе го намали бројот на дилерствата, во процесот на транзиција кон агенциски модел на продажба
Volkswagen започна да прима нарачки за електричниот ван ID. Buzz, првите испораки – на есен
Презентација на 10 електрифицирани модели од Opel и Peugeot – два од брендовите на Stellantis групацијата
Mercedes за електричната G-Class ќе користи нови батерии со силициумски, наместо графитни аноди