Slide

Стории

Падот на продажбата во Европа му овозможи на Hyundai да го зголеми пазарниот удел за цел процентен поен на 4.7%

Slide

Во моментов периодот на чекање за испорака за Ioniq 5 е помеѓу 6 и 12 месеци, во зависност од локалниот пазар.

12/08/2022

Продажбата на корејскиот производител во изминатиот период е потпомогната од побарувачката за електричниот Ioniq 5, кој веќе цела една година е достапен во понудата во Европа.

Истовремено, падот на продажбата во Европа му овозможи раст на пазарниот удел на Hyundai, кој се приближува до 5%.

“На големите европски пазари како што се Велика Британија, Германија, Франција, Холандија и Норвешка, нарачките за Ioniq 5 се пополнети сѐ до вториот квартал од следната година”, вели Мајкл Кол, извршниот директор на Hyundai Europe.

Во моментов периодот на чекање за испорака за Ioniq 5 е помеѓу 6 и 12 месеци, во зависност од локалниот пазар.

Единствено малите возила како i10 и i20 се доставуваат за околу 3 месеци. За поголемите SUV модели се чека многу подолго. Најдолго се чека за оние SUV модели кои имаат хибриден погон. Побргу се испорачкуваат изведбите со бензински погон и мануелна трансмисија.

Истовремено намален е и обемот на залихите споредено со претходно. “Претходно, централните залихи, како и дилерските беа на ниво од два и пол до три месеци. Во моментов нивото на нашите залихи е еквивалентно на еден до еден и пол месец. Ова е рекордно ниско ниво на залихи”, додава Кол.

Во вакви услови многу е тешко да се процени тековниот потенцијал за продажба во Европа. “Доколку ги погледнеме нашите бројки, лесно можевме да продадеме и 20% повеќе возила во првата половина на годинава.”

Автомобилските производители кои се присутни на европскиот пазар веќе забележуваат први сигнали на започнатата рецесија. Имено, кај некои производители, нарачките од последниот месец се помали споредено со оние од пред три или пет месеци.

Од друга страна, недостигот на полупроводници сѐ уште не е надминат. “Интересно е да се види како кризата со залихите на компоненти и суровини доаѓа во бранови. Во моментов имаме одличен прилив на полупроводници, но сега некоја друга компонента нѝ претставува предизвик”, вели Кол.

За одржување на интересот на купувачите на Hyundai особено ќе биде важен следниот електричен модел Ioniq 6, кој ќе пристигне кон крајот на годинава.

Првите испораки од моделот се очекуваат до декември, а производителот ќе започне да прима нарачки уште во септември. 

И покрај интересот за моделите од гамата Ioniq, сепак Hyundai не планира да креира засебен бренд како што тоа беше случај со некои други производители.

Целта на Hyundai е учеството на електричните изведби во вкупната продажба во Европа да биде 16%. Интересно е тоа што оваа цел веќе е постигната во првиот семестар. Целта за следната 2023 година е секое 5-та продадано возило во Европа да биде со електричен погон.

Кореанскиот производител сѐ уште размислува за лансирање на мало електрично возило. “Тоа е нешто што го размислуваме во моментов, бидејќи малите возила се позначајни во Европа. Сѐ уште не сме донеле одлука поради тоа што ситуацијата станува покомплицирана со растот на цената на суровините. Во моментов тешко е за било кој производител да развие модел кој би се продавал по цена до 20,000 евра.”

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

VW T-Roc e бестселер во Европа во втор последователен месец , пред Dacia Sandero и Peugeot 208
Porsche од денес котира на берзата во Франкфурт, вкупната вредност на компанијата изнесува 78 милијарди евра
Citroën го објави своето ново лого, десетто по ред во 103-годишната историја на брендот
Третата генерација на Range Rover Sport пристигна во Македонија, беше претставена на свечен настан