Вести
Паладиумот достигна рекордна цена, ситуацијата ја загрижува и авто-индустријата
Паладиумот достигна цена од 2.000,35 долари за унца, а во 2019 година, цената пораснала за цели 57 проценти, а аналитичарите тврдат дека недостигот и цената на паладиумот е главна причина за се почестите кражби на дел од издувниот систем на хибридите кои во најголем број користат бензински мотор
Цената на благородниот метал паладиум достигна нов рекорд, првпат минувајќи ја границата од 2.000 долари за една унца (31 грам).
Со ова паладиумот станува се поскап од златото, а експертите се уште не можат да дадат поточна прогноза за периодот во кој неговата цена би се стабилизирала. Истовремено, неговата цена е повисока од рекордот кој златото го постигна во 2011 година (1.912,17 за унца).
Ова прашање е посебно важно и за актерите во автомобилската индустрија, бидејќи паладиумот се користи и во изработката на катализаторите за изведбите со бензински мотор.
Паладиумот достигна цена од 2.000,35 долари за унца, а во 2019 година, цената пораснала за цели 57 проценти, а аналитичарите тврдат дека недостигот и цената на паладиумот е главна причина за се почестите кражби на дел од издувниот систем на хибридите кои во најголем број користат бензински мотор.
Главната причина веројатно е помалата понуда откако во привремен прекин е работата во рудниците во Јужна Африка, земја која заедно со Русија е најбогата со овој метал.
Платината се користи повеќе кај дизел изведбите, но производителите на катализатори би можеле да се решат на нејзина поголема примена во целото портфолио, со што веројатно паладиумот ќе ја загуби првата позиција според вредноста која ја има.