Slider

Вести

Panda Hybrid ја зацврсти бестселерската позиција на моделот на Fiat во Италија

Slider

Ако се гледа периодот од јануари до август, односно продажните резултати во првите осум месеци, Panda е далеку пред останатите со 61.258 продадени примероци, а следуваат Lancia Ypsilon со 24.672 и Fiat 500X со 19.194 примероци

04/09/2020

Fiat Panda и натаму ја задржува бестселерската позиција на домашниот италијански пазар, а дополнителен позитивен импулс доби и од mild hybrid изведбата која е достапна последните месеци.

И онака економичната и доверлива Panda, доби изведба со 1.0-литарски мотор со 70 коњски сили и 12V технологија која и асистира на погонската единица при ниски вртежи и за поекономично управување, а статистиката вели дека во август, дури 42% од купувачите се одлучиле токму за Panda Hybrid.

Заедно со останатите достапни варијации, Panda во август стигна до 5.313 нови купувачи, оставајќи ги далеку зад себе групациските ривали Fiat 500X (2.440) и Lancia Ypsilon (2.261).

Ако се гледа периодот од јануари до август, односно продажните резултати во првите осум месеци, Panda е далеку пред останатите со 61.258 продадени примероци, а следуваат Lancia Ypsilon со 24.672 и Fiat 500X со 19.194 примероци.

Топ 10 најпродавани модели во Италија
(Јануари-Август 2020)
1. Fiat Panda 61.258
2. Lancia Ypsilon 24.672
3. Fiat 500X 19.194
4. Renault Clio 18.705
5. Fiat 500 17.916
6. Jeep Renegade 17.229
7. Volkswagen T-Roc 15.741
8. Citroen C3 15.031
9. Opel Corsa 15.002
10. Volkswagen Polo 14.875

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider