Slide 1

Стории

Патот до идеална типографија: Дизајнерите на Leon тестирале 40 верзии пред да ја изберат вистинската

Slide 1

Досегашните обично напишани и одделени четири букви во името Leon сега добиваат специфична типографија, но за да дојдат до идеалното решение, дизајнирале и тестирале над 40 различни верзии

11/02/2020

Неодамнешната промоција на новата генерација на Seat Leon ја потенцираше новата еволуција на шпанскиот компакт, но пред се и дизајнерските промени кои ги доби автомобилот чија инспирација е неговиот роден град Барселона.

Атрактивниот преден дел и динамичната силуета е комплетирана со интересно решение на задниот дел каде LED светлата се поврзани од едниот до другиот крај, а позитивниот впечаток го заокружува новата типографија за името на моделот.

Leon успеа да ја задржи препознатливоста без разлика на дизајнерската еволуција, а дизајнерите на шпанскиот бренд потенцираат дека натписот Leon на задниот дел бил еден од најкомплицираните елементи.

Досегашните обично напишани и одделени четири букви во името Leon сега добиваат специфична типографија, но за да дојдат до идеалното решение, задолжените за овој сегмент дизајнирале и тестирале над 40 различни верзии, – пренесува „Ауто Билд“.

Не само што натписот го ќе го идентификува моделот, туку мора да биде соодветен и од практични причини, бидејќи треба да се произведува во многу примероци. Во случајов ситуацијата ја комплицира и поврзаноста на буквите меѓу себе, поради што дизајнерите и инженерите морале да бидат сигурни дека нема да ја комплицира продукцијата, а потоа и дека ќе биде вообичаено издржлив при сите „кар-вош“ третмани и на различни временски услови.

Тимот на Алехандро Месонеро-Романос внимавал на сите детали, па купувачите на новиот Seat Leon ќе можат да бидат горди на модерниот пристап на дизајнерите и воодушевувањето кое ќе биде реалност кај возачите кои ќе се најдат зад нивниот нов миленик.

This-is-how-the-new-Leon-was-camouflaged_03_HQ
Leon-Sportstourer-FR-Magnetic-Tech_40_HQ
Leon-FR-Magnetic-Tech-PHEV-5D_20_HQ
Leon-FR-Desire-Red-5D_15_HQ

Exit full screenEnter Full screen

Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

VW Taigo распознава пешаци и велосипедисти и автономно сопира при брзини до 210km/h
Кабриолет изведбата на Fiat 500 пристигна во салонот на Fiat во Скопје
Електрификацијата ќе предизвика намалување на бројот на вработени во автомобилските компании
Илон Маск ќе им овозможи на конкурентите да ја користат мрежата на брзи полначи на Tesla