Вести
Пет модели на Jeep наградени од магазинот „Оф Роуд“, Renegade ја продолжи доминацијата
Jeep Renegade останува миленик на читателите и автомобилски фанови меѓу компактните SUV модели и шеста година по ред избран за најдобар во својата категорија
Автентичното SUV/Оф-роуд портфолио на Jeep собра неколку важни признанија во традиционалниот избор за најдобрите модели на пазарот од германскиот магазин „Оф Роуд“.
Jeep Renegade останува миленик на читателите и автомобилски фанови меѓу компактните SUV модели и шеста година по ред избран за најдобар во својата категорија.
Renegade останува број еден во конкуренција на 20 модели, со што уште еднаш потврдува дека возачите го сметаат за вистински Jeep, кој и покрај помалите димензии, ја задржува препознатливата оф-роуд ДНК на американскиот бренд.
Jeep Wrangler го освоил второто место во својот сегмент, а исто така добил доволно гласови за второ место и кај оф-роуд моделите со алтернативен погон, со што учесниците во гласањето го истакнале значењето на 4xe изведбата на Wrangler.
Новиот пик-ап Gladiator e во конкуренција на пик-апи со оф-роуд квалитети, а важни признанија завршиле и на сметка на Jeep Grand Cherokee.
Овој голем SUV е избран за најпопуларен меѓу моделите од увозни брендови и стигнал до второто место во генералниот пласман во сегментот.